2. ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ - РЕПУБЛИКА
МАКЕДОНИЈА
АлоБушавко - линија за деца и млади
Контакт:
070 390 632, 02 2465 316
email:
sos@childrensembassy.org.mk
alobushavko@childrensembassy.org.mk
info@childrensembassy.org.mk
Социјални медиуми:
2
3. Воведни забелешки
Работата на АлоБушавко - телефонот за деца и млади е цврсто
заснована на принципите на Конвенцијата на ООН за правата на
детето, особено правата на децата на приватност и заштита од
повреда. Целта на АлоБушавко е да обезбеди поддршка на децата
кои имаат потреба од: разговор, форум за споделување
информации, прашања и поддршка, поддршка при застапување,
лобирање и промовирање на правата на детето.
АлоБушавко и овој шестмесечен период од 2024 година, продолжи
да функционира преку дежурства, односно беше достапен 24 часа,
7 дена во неделата благодарение на АлоБушавко тимот
(Клементина Добревска - психолог и координаторка на
АлоБушавко, Маријана Марковиќ - супервизорка на работата на
телефонот, Гордана П. Змијанац - в.д оперативна директорка на
Меѓаши) како и групата волонтер(к)и (Марија, Даниел, Стефани,
Мимоза, Мартина, Весна, Јована, Евдокија, Ангела, Мила,
Александра..) кои несебично го вложија и го вложуваат своето
време и знаење. Со поддршка од Детската фондација Песталоци во
рамките на проектот „Промоција на безбедна училишна средина“
поддржана е работата на линијата преку ангажман на 2
операторки. Работата на АлоБушавко тимот на Детската амбасада
МЕЃАШИ, како и сите години наназад беше менторирана од
Гордана Пирковска Змијанац, основачка и актуелна в.д. оперативна
директорка на ПДАС Меѓаши.
3
4. Во овој дел даден е приказ на општи демографски податоци за
случаите (возраст и пол на децата според дојавите како и етничка
припадност), број на добиени дојави и број на деца кои биле опфатени
со овие дојави. Во овој дел исто така е вклучен и приказ на начинот на
кој што сме ги добиле дојавите – преку административниот телефон,
преку вебсајтот alobushavko.mk и Фејсбук страниците на Детската
амбасада Меѓаши, преку пошта или со директно обраќање во
просториите на Меѓаши.
Основниинформациизадоjавите..
5. Вкупен број на дојави:
Вкупен број на деца опфатени со дојавите:
Мaкедонци95 Албанци10
Роми5
Непозна…
Остан…
etничкаприпадност
1
0
5
*Сите поими кои се спомнуваат во еден род се однесуваат на сите
родови идентитети.
8. Приказнаподатоцитеза категориjанапроблеми..
Во овој дел даден е приказ на податоците за прекршување на правата на децата според
категорија на проблем. Секоја дојава се бележи како еден случај, без разлика дали е
барање информација или посериозен проблем, и за истата се категоризира причината во
стандардизиран образец според рамката од Child Helpline International (CHI) - глобална
мрежа на СОС телефонски линии за деца кои работат во областа на заштита на правата на
децата. АлоБушавко - телефонот за деца и млади 070 390 632 при Детската амбасада
Меѓаши е членка во мрежата од 2004 година. Стандардизираниот образец опфаќа 9
категории на проблеми, односно прекршувања на правата на детето и секоја од
добиените дојави за овој шест месечен извештај се брои во некоја од овие 9 категории
односно нивните поткатегории на проблеми во зависност од сложеноста на проблемот.
9. Ментално здравје Пристапност
Училиште Повреда
Пристапност Сексуалност
Семејни односи
Дискриминација и ексклузија
Исчезнати деца
Ментално здравје
71.1%
Повреда
19.7%
Семејни односи
2.8%
Училиште
2.3%
9
вкупенброjнапроблемиподелениспоредкатегории
387
10. Согласно податоците добиени за овој шестмесечен период, сите 123
деца опфатени со дојавите, се соочуваат со повеќе од еден проблем од
категоријата Ментално здравје, од што најмногу застапени се
присуство на страв и вознемиреност, проблеми со расположението и
загриженост за себе. Најчесто причинител за ваквата психолошка
состојба кај децата е односот на родителите што произлегува од
бракоразводите; неусогласеноста на родителите за гледање со детето,
односно неостварување контакти и средби на еден од родителите со
детето или децата по разводот и по доделување на старателството на
еден од родителите. Како причина за емоционална вознемиреност се
појавуваат и интерперсоналните односи во и надвор од образовниот
процес (врсник – врсник, наставник – ученик).
62% од децата добиле поддршка и советодавни услуги кои се
однесуваат на категоријата Повреда односно на сите видови
насилство и занемарување.
На трето место по зачестеност за дојави, или на 9% од вкупниот број
деца им било загрозено правото да остваруваат контакт со еден од
родителите, а тоа е најчесто родителот кој не е старател.
Со најмала застапеност на деца во рамки на извештајниот период за
2024 се категориите: Училиште со 7% засегнати деца. Пристапност
(4%), Дискриминација и екслузија (4%), Сексуалност (~2%), Исчезнати
деца (~1%), Физичко здравје (0).
Забелешка: едно дете опфатено во една дојава може и најчесто е
броено и ставено во повеќе од една категорија и подкатегорија на
проблеми. Тоа е така зашто проблемите никогаш не се едноставни
туку повлекуваат и други. Оттаму, може да се каже дека кај 123 деца
опфатени во дојавите забележани се вкупно 387 проблеми и
последици од нив.
10
11. Преземениактивности..
Во текот на преземањето активности за решавање на
проблемите беа остварени контакти и соработка со други
организации, служби и институции. Во најголем број соработката
беше успешна и беше најдено решение.
12. Вкупно
0 20 40 60 80
Училиштата
Агенции за зашт. на деца
Агенции за спров.закон
Здравствени работници
Други организации
Директни интервенции
Друго
Препораки
Во текот на постапувањето и давањето поддршка, тимот на
АлоБушавко - телефонот за деца и млади често соработуваше со
Центрите за социјална работа, посебно со Интервентиот тим при
скопскиот центар, како и Центрите од другите градови, Народниот
правобранител, Секторот за внатрешни работи, училишта,
Здружението на млади правници, Коалицијата за правично судење,
како и други чинители и организации заради обезбедување подобра
и поефикасна поддршка на јавувачите.
Тимот на АлоБушавко 070 390 632 е составен од различни профили:
психолози, педагози, наставници, социјални работници и
психотерапевти под супервизија. Оваа тимска разноликост ни дава
можност секој случај поединечно да биде разгледан од повеќе
аспекти и да се изнајде најдобро решение за негово разрешување во
рамки на надлежностите на Детската амбасада Меѓаши.
12
14. МЕДИУМСКИ НАСТАПИ
Во изминатиот шест месечен период, освен со 24/7
достапност на АлоБушавко - телефонот за деца и
млади, програмскиот и волонтерскиот тим имаа
можност во медиумскиот простор да говорат за
мисијата и визијата на Детската амбасада Меѓаши и
активностите на АлоБушавко, со над 20 изјави од
областа на детските права, меѓу кои: гостувања по
повод 1 ЈУНИ - Меѓународен ден на детето, 12 АПРИЛ
- Меѓународен ден на децата на улица, 25 мај -
Меѓународен ден на исчезнати деца, детско учество
и волонтеризам, како и гостувања на програмскиот
тим на теми: Злоупотреба на правата на децата,
Физичко насилство кај деца и Менталното здравје
кај децата и младите. Сите медиумски настапи се
достапни на Youtube каналот:
https://www.youtube.com/@Megjashi
СОЦИЈАЛНИ МЕДИУМИ
Волонтер(к)ите на АлоБушавко, се шаренолика
група со различни интереси и таленти. Тимот кој ги
одржува социјалните мрежи е комбинација од оние
кои покажуваат посебен интерес за дигиталните
алатки и оние кои го обожуваат пишаниот збор. Овој
тим волонтер(к)и е задолжен за креирање на
содржини од областа на детските права за
социјалните мрежи на Детската амбасада,
вклучително и споделување на активностите во
рамки на работата на и Меѓаши.
15. СТУДЕНТСКИ ПОСЕТИ ПО ПОВОД 19 МАРТ - СВЕТСКИ ДЕН НА
СОЦИЈАЛНАТА РАБОТА: ФАКУЛТЕТ ЗА ОПШТЕСТВЕНИ НАУКИ ПРИ
УНИВЕРЗИТЕТОТ "МАЈКА ТЕРЕЗА"
Заедно со студентите од Факултетот за општествени науки при
Универзитетот "Мајка Тереза" - Скопје, светскиот ден на социјалната
работа го одбележавме со дискусија на тема социјална работа и
улогата на социјалните работници во заедницата! Студентите - идни
социјални работиници/чки се запознаа со работата на Детската
амбасада и достапните сервиси кои МЕЃАШИ ги нуди како услуги.
Благодарение на социјалните работници - вработени во амбасадата
студентите имаа можност да увидат каде овие услуги се наоѓаат во
теоријa која и како тоа изгледа во пракса.
Многу прашања, позитивна енергија и искажување почит за
успешноста во одржувањето на услугите повеќе од 30 години се дел
од нештата кои ги понесовме со себе. Првата детска амбасада
Меѓаши е отворена за сите студенти кои се мотивирани, љубопитни
и желни да придонесат за унапредување на правата на децата во
Македонија.
ПРАКТИЧНА НАСТАВА ВО РАМКИ НА АЛОБУШАВКО: ИНСТИТУТ ЗА
СОЦИЈАЛНА РАБОТА И ПОЛИТИКА ПРИ УКИМ
Пред самиот ден на социјалнaта работа, во соработка со Институтот
за социјална работа и политика при УКИМ, ја одржавме воведната
средба со студентите - идни социјални работници за извршување на
нивната практична настава во рамки на АлоБушавко- телефонот за
деца и млади 070 390 632 при Прва детска амбасада Меѓаши.
Практичната работа се извршуваше во период од 3 месеци,
заклучно со месец мај 2024.
16. МЕСЕЧНИ КООРДИНАТИВНИ СОСТАНОЦИ СО ВОЛОНТЕРИТЕ НА
АЛОБУШАВКО
Попладневните часови се време за дружба и brainstorm-ирање на идеи
за активностите за 2024 во рамки на АлоБушавко- првата линија за
деца и млади во Македонија. По насмевките на лицето се забележува
дека скоро 2 часа ни поминаа како 2 минути во кои секој од нас се
чувствува поддржано, разбрано, почитувано и прифатено. Такви се
вредностите за кои се залага Меѓаши преку волонтерскиот активизам!
Она што може да се пофалиме е дека во овој момент линијата брои над
15 волонтери/ки кои во следниот период продолжуваат со низата
активности во рамки на Детската амбасада а посветени на децата и
младите. Координативните и супервизиските средби продолжуваме
да ги негуваме и понатаму секој месец до крајот на годината
КООРДИНАТИВЕН СОСТАНОК И МОЖНОСТИ ЗА СОРАБОТКА: КОМОРА
НА ПСИХОЛОЗИ НА РМ
Во просториите на Прва детска амбасада Меѓаши на 05.02.2024
одржавме средба со претседателката на Комора на психолози на
Р.Македонија. Дискутиравме за горливите проблеми со кои се
соочуваат децата и младите, меѓу кои дисфункционалноста во
семејствата и меѓуврсничкото насилство како тригери за нарушување
на менталното здравје кај децата и младите. Оваа средба произлезе од
потребата не само за психосоцијална поддршка туку и психолошко
советување кај дел од дојавувачите на ,,Ало Бушавко" и зголемениот
број на дојави за самоубиство во последниот период. Покрај
споделените искуства од пракса средбата ја завршивме со нови
перспективи и заеднички цели во наредниот период како што е
креирање протокол за постапување при дојави за самоубиство, нешто
што не постои како документ во овој момент а со што се соочуваат
волонтер(к)ите на АлоБушавко и поддршка од лиценцираните
психолози - членови на Комората, во работата на телефонот за деца и
млади.
16
17. РАБОТИЛНИЦА: СПРЕЧУВАЊЕ И
ПРЕВЕНЦИЈА ОД КИБЕР НАСИЛСТВО
Со поддршка од Детската фондација
Песталоци во рамките на проектот
„Промоција на безбедна училишна
средина“ беше спроведена работилница за
шесто одделенците од ООУ„Браќа
Миладиновци“- Илинден на која имавме
можност да зборуваме за тоа дали и како
можеме да го запреме магичниот круг на
насилство и на социјалните мрежи/
интернетот. Поминавме 60тина минути
исполнети со многу дискусија на тема
спречување и превенција од кибер
насилство и она што го научивме е дека е
многу полесно кога проблемот ќе се
сподели но и дека има многу можности
каде би можеле да се обратиме и да
побараме помош. Увидовме дека кога ќе се
ставиме во туѓи чевли е навистина
неудобно и дека сите сме многу слични во
нашето однесување. Она што го понесовме
со себе се позитивни вредности, а
научивме и дека се започнува со нашата
желба да влијаеме и изградиме позитивна
средина која ќе биде безбедна за сите!
ОБУКА: РАЗВИВАЊЕ НА
КОМУНИКАЦИСКИТЕ ВЕШТИНИ НА
ВОЛОНТЕРИТЕ/КИТЕ НА АЛОБУШАВКО
Со поддршка од Детската фондација
Песталоци во рамките на проектот
„Промоција на безбедна училишна
средина“ беше спроведена дводневна
обука за јакнење на капацитетите на
волонтерите на АлоБушавко и
поддржана е работата на линијата 24/7
преку ангажман на 2 операторки. Преку
обуката, волонтерите и операторките ги
зајакнаа своите знаења и вештини за
справување со врсничко насилство во
училиштата и улогата на родителите во
превенција на насилството.
17