Водич низ новините на
Единствениот
национален регистар на
прописи (ЕНЕР)
http://www.ogledalonavladata.mk/
2
Вовед
Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на
проектот „Огледало на Владата“, од 2012 г. го следи Единствениот
национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР). Преку објавување
редовни, неделни и месечни прегледи и квартални извештаи јавноста се
инфoрмира за функционирањето на ЕНЕР. Во неделните прегледи се
презентираат новите предлог-закони поставeни на ЕНЕР. На месечно ниво се
објавуваат резултатите за почитувањето на минималните рокови за
достапност на предлог-законите за коментирање од страна на јавноста,
додека квартално се публикуваат детални извештаи во кои се следат
практиките за објавување документи поврзани со објавените предлог-
закони, бројот на коменатри од страна на корисниците и др.
На 25 декември 2014 г. е пуштен во употреба новиот ЕНЕР, на кој покрај
новиот дизајн, е направено и техничко и содржинско унапредување.
Целта на овој водич е информирање на јавноста за главните новини кои се
направени на ЕНЕР (www.ener.gov.mk).
Водичот е подготвен во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција,
финансиран преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).
Програмата ја спроведува МЦМС.
3
Значење на термините
ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи
ПВР – процена на влијанието на регулативата
Известување - известување за почетокот на процесот и подготовка на
предлогот на закон
Нацрт-извештај за ПВР – прва верзија на извештајот за процена на
влијанието на регулативата која што е поставена за коментирање од страна
на јавноста
Нацрт-закон - прва верзија на предлог-пропис којашто е поставена за
коментирање од страна на јавноста
Предлог-извештај за ПВР - втора верзија на извештајот кој е испратен на
седница на Владата за утврдување, односно извештај утврден од страна на
Владата
Предлог-закон – втора верзија на предлог-пропис којашто е испратена на
седница на Владата за утврдување, односно предлог закон утврден од
страна на Владата
4
Новини на ЕНЕР
Еден закон – една папка
Една од главните измени во функционалноста на ЕНЕР е лесното следење на сите
измени поврзани со историјата на еден закон од неговото поставување на
платформата ЕНЕР. Претходно, секоја измена или дополнување на одреден предлог
-закон беше во посебна папка, со што беше тешко следењето на сите измени кои
ги претрпел одреден закон. Дополнително се случуваше и документи поврзани со
една иста измена на предлог-закон да бидат поставени на различни места, па така
на пример на едно место можеше да се најде Известувањето за ПВР и нацрт-
законот, а на друго место предлог-законот којшто е утврден на седница на Владата.
Со новото решение сите документи поврзани со еден закон се поставени во една
папка. Сега, во истата папка постои можност да се постави и консолидиран текст
на законот.
На сликата 1 е даден пример како изгледа папката за Законот за архивски
материјал. Во конкретниот случај доколку се разгледаат сите документи, лесно се
доаѓа до информација дека прв пат во 2012 г. на ЕНЕР е поставен предлог-законот за
консултации. Потоа, во 2013 г. за консултации беше поставена и Уредбата за
канцелариско и архивско работење, којашто е подзаконски акт поврзан со овој
закон. И на крајот, во 2015 г. за консулстации со јавноста е поставен предлог-законот
за изменување и дополнување на законот.
Автоматизирани минимални рокови за консултации
Согласно со Методологијата за процена на влијанието на регулативата (Сл. весник
бр. 107/20131), пропишани се два минимални рокови коишто треба да се почитуваат
од страна на институциите при консултирање на јавноста:
1. Минимум 5 дена од поставување на Известувањето за почетокот на процесот
на подготвка на предлог-законот до објавување на нацрт–законот2;
2. Минимум 10 дена период за коментирање на нацрт-законот.3
Со измените на ЕНЕР овие два рокови се автоматизирани. Со автоматизирање на
почитувањето на минималниот период од пет дена од објавувањето4 на
Известувањето до објавувањето на нацрт-законот, се избегнува една од клучните
слабости на досегашниот систем. Со ова на корисникот му се дава можност и
формално да се вклучи во процесот на подготовка на предлог-законот во фазата на
ПВР.
____________________________
1http://www.ogledalonavladata.mk/images/docs/propisi/13-metodologija-za-procenka-na-vlijanieto-na-regulativata.pdf
2Глава 2, точка 2.2 од Методологијата запроцена на влијанието на регулативата (Сл. весник бр. 107/2013)
3Глава 3, точка 3.2од Методологијата за процена на влијанието на регулативата (Сл. весник бр. 107/2013)
4 Во 2014 г. кај 47 % предлог-закони не е испочитуван минималниот рок од 10 дена за консултации на ЕНЕР. (Огледало
на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони, 2014)
Слика 1. Визуелно решение за преглед на сите документи поврзани со Законот за архивскиот материјал
5
Новини на ЕНЕР
Минималниот периодот за консултации на нацрт-закон исто така е автоматски
наместен на пропишаниот минимум од 10 дена.
Бројчаник: Преостанато време за коментирање
Еден од најголемите предизвици за ЕНЕР беше непостоењето информација во кој
период одреден нацрт-закон е отворен за коментирање. Со ова не можеше да се
следи дали коментарите кои одреден субјект ќе ги достави се дадени во рокот во
кој може да се коментира или коментарот е даден и по веќе усвоен закон. Сега, со
воведувањето на бројчаникот кој покажува број на преостанати денови за
коментирање, овој недостаток е надминат. Пристапот до формата за
коментирање и следење на достапниот период за консултации е можен на
најмалку два начини. Прво, за секој регистриран корисник на ЕНЕР видлив е
табеларен преглед на последните десет објавени предлог-закони, каде што исто
така има информација за преостанатото време за консултации (слика 2).
Второ, секое заинтересирано лице кога пристапува до папката на соодветниот
предлог-закон може да го види преостанатото време и да остави свој коментар
(слика 3).
Слика 2. Пример за статусот на предлог-закон за преостанато време за коментирање
6
Новини на ЕНЕР
Бројчаникот почнува да одбрoјува од моментот на поставување на нацрт-извештајот
за ПВР и нацрт-законот на ЕНЕР и тој не може да биде пократок од минималниот
рок за консултации од 10 дена.
По завршувањето на периодот за коментирање, корисникот ја гледа пораката со
следната содржина: „Времето за коментар е истечено“. Во папката за предлог-
законите за коишто е започнат консултативен процес, преку поставување на
известувањето и нацрт-законот е во фазата на ПВР, нема никаква порака. На
сликата 2 се прикажани примери како изгледаат можните статуси во колоната
„Преостанато време за коментирање“.
Информацијата за преостанато време за консултации за нацрт-закон корисникот
ја гледа и под копчето којшто води кон формата за коментирање, како што е
прикажано на сликата бр. 3.
Корисникот и по завршување на периодот за консултации може да остава
коментари. Можноста за давање коментари по истекот на периодот за
консултации на министерството надлежно за спроведување на законот му дава
можност да го земе предвид при оценка на спроведувањето на законот.
Планови за ПВР
Новината на ЕНЕР e и објавувањето на плановите за ПВР за сите планирани закони
на сите министерства утврдени со Годишниот план за спроведување на ПВР, којшто
се подготвува паралелно со подготвувањето на предлог-иницијативите за
Годишната програма за работата на Владата. Ова е добра можност за
обезбедување подобра транспарентност во работењето и процесот на подготовка
на прописите во министерствата бидејќи целта на Годишниот план за
спроведување на ПВР е да даде преглед на потребните активности и динамиката за
спроведување на ПВР за сите планирани предлог-закони и да обезбеди навремена
информација за засегнатите страни за нивно навремено вклучување во процесот.
Слика 3. Пример на предлог-закон поставен на ЕНЕР за кој времето за коментари е истечено
7
Новини на ЕНЕР
Тие треба и да се ажурираат во зависност од ажурирањето на Годишната
програма за работата на Владата и ажурираните верзии исто така да се
објавуваат во рок од 15 дена по усвојувањето на ажурираната верзија на
Годишната програма за работата на Владата.
Вести
Дополнителна новина на ЕНЕР е и делот за
објавување вести. Во моментот се објавуваат
само вести за започнување на процесот на
подготовка на предлог-закони, автоматски, кога
за некој предлог-закон ќе се објави
известувањето.
Автоматско објавување коментари
Со воведувањето автоматско објавување коментари по истекот на предвидениот
рок за преглед од страна на одговорното лице, корисниците се мотивирани да
поставуваат коментари на ЕНЕР. Со ваквиот пристап отстранета е можноста за
одолговлекување или не објавување на дадениот коментар од страна на
корисникот. Имено, доколку оставениот коментар не е прегледан од страна на
одговорното лице, коментарот ќе биде објавен автоматски.
Огледало на влада на
ЕНЕР
Во посебен дел од сајтот
„Соработка”, се објавуваат
резултатите од следењето на
вклучувањето на јавноста во
раната фаза на подготовка на
законите.
8
Автор: Марија Саздевски, соработник на проекти во МЦМС
Графички дизајн: Магдалена Панева, волонтер во МЦМС
адреса: ул. „Никола Парапунов“ 41А,
пошт. фах 55, 1060 Скопје
телефон: +389/2/3065-381;
факс: +389/2/3065-298;
е-пошта:
mcms@mcms.mk
веб-страница:
www.mcms.mk
www.ogledalonavladata.mk
Сите права се задржани. Репродуцирање, копирањето, трансмисијата или преводот на било кој дел од оваа
публикација може да се изврши единствено под следните услови: со претходна дозвола на издавачот,
заради цитирање во анализа на книгата и под услови изложени во продолжение.
Авторското право на оваа публикација е заштитено, но публикацијата може да се репродуцира на било кој
начин без наплата за едукативни намени. За копирање во други услови, за употреба во други публикации или
пак за превод или адаптација, треба да се обезбеди претходна дозвола од издавачот.
Во електронска форма публикацијата е достапна на www.mcms.mk и www.ogledalonavladata.mk.
Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за
меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција. Содржината на
публикацијата е одговорност на Марија Саздевски од Македонскиот центар за меѓународна соработка
(МЦМС) и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави.
Македонски центар за меѓународна соработка
Водич низ новините на
Единствениот национален регистар на прописи
(ЕНЕР)

More Related Content

PDF
Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони
PDF
Doracak për mekanizmat për bashkëpunim të NJVL me organizatat qytetare
PDF
Споредба на анкетите со изборните резултати
PPTX
Local Cooperation between LG and the Civil Society Organizations
PPT
ГДЛН – искуство и практики на Град Скопје
PDF
Граѓаните за изборите во Штип
PPT
Техничка опрема за одржување на канализациската мрежа
PDF
Strategjisë së Komunës së Jegunovcit për bashkëpunim me sektorin civil dhe zh...
Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони
Doracak për mekanizmat për bashkëpunim të NJVL me organizatat qytetare
Споредба на анкетите со изборните резултати
Local Cooperation between LG and the Civil Society Organizations
ГДЛН – искуство и практики на Град Скопје
Граѓаните за изборите во Штип
Техничка опрема за одржување на канализациската мрежа
Strategjisë së Komunës së Jegunovcit për bashkëpunim me sektorin civil dhe zh...

Viewers also liked (9)

PDF
Граѓаните за изборите во Куманово
PPTX
Оспособување на жените погодени од конфликтот
PDF
Besimi ne Мaqedoni
PDF
КЗД во функција на заштитата од дискриминација – водич за граѓаните
PDF
Monitoring and evaluating trust in Justice in Europe
PDF
The Corruption Monitoring System
PDF
Регионален извештај за проценка на корупцијата во Југоисточна Европа
PPTX
Practices and experiences of the Croatian model of Financial supporting fo...
PPT
УЛОГАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И СОСТОЈБАТА СО МИГРАНТИТЕ
Граѓаните за изборите во Куманово
Оспособување на жените погодени од конфликтот
Besimi ne Мaqedoni
КЗД во функција на заштитата од дискриминација – водич за граѓаните
Monitoring and evaluating trust in Justice in Europe
The Corruption Monitoring System
Регионален извештај за проценка на корупцијата во Југоисточна Европа
Practices and experiences of the Croatian model of Financial supporting fo...
УЛОГАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО КРИЗИ И СОСТОЈБАТА СО МИГРАНТИТЕ
Ad

More from МЦМС | MCIC (20)

PDF
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
PDF
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
PDF
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
PDF
Македонски центар за меѓународна соработка - Годишен извештај 2022
PDF
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
PDF
MCIC Annual Report 2021
PDF
Годишен извештај 2021 - МЦМС
PDF
MCMS Raport Vjetor 2021
PDF
MCMS Raport Vjetor 2020
PDF
MCIC Annual Report 2020
PDF
Годишен извештај 2020 - МЦМС
PDF
Видливост на граѓанските организации - 3
PDF
Видливост на граѓанските организации - 2
PDF
Вклучување на конституенти во ГО
PDF
Видливост на граѓанските организации - 1
PDF
Транспарентност на граѓански организации 4
PDF
Транспарентност на граѓански организации 3
PDF
Транспарентност на граѓански организации 2
PDF
Транспарентност на граѓански организации 1
PDF
Транспарентност на граѓански организации 8
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Мали грантови I дел
Постигнувањата на грантистите на Цивiка мобилитас: Институционални грантови
Macedonian Center for International Cooperation - Annual Report 2022
Македонски центар за меѓународна соработка - Годишен извештај 2022
ENDRA MAQEDONASE PËR BASHKËPUNIM NDËRKOMBËTAR Raport Vjetor 2022
MCIC Annual Report 2021
Годишен извештај 2021 - МЦМС
MCMS Raport Vjetor 2021
MCMS Raport Vjetor 2020
MCIC Annual Report 2020
Годишен извештај 2020 - МЦМС
Видливост на граѓанските организации - 3
Видливост на граѓанските организации - 2
Вклучување на конституенти во ГО
Видливост на граѓанските организации - 1
Транспарентност на граѓански организации 4
Транспарентност на граѓански организации 3
Транспарентност на граѓански организации 2
Транспарентност на граѓански организации 1
Транспарентност на граѓански организации 8
Ad

Водич низ новините на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР)

  • 1. Водич низ новините на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР) http://www.ogledalonavladata.mk/
  • 2. 2 Вовед Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), во рамките на проектот „Огледало на Владата“, од 2012 г. го следи Единствениот национален електронски регистер на прописи (ЕНЕР). Преку објавување редовни, неделни и месечни прегледи и квартални извештаи јавноста се инфoрмира за функционирањето на ЕНЕР. Во неделните прегледи се презентираат новите предлог-закони поставeни на ЕНЕР. На месечно ниво се објавуваат резултатите за почитувањето на минималните рокови за достапност на предлог-законите за коментирање од страна на јавноста, додека квартално се публикуваат детални извештаи во кои се следат практиките за објавување документи поврзани со објавените предлог- закони, бројот на коменатри од страна на корисниците и др. На 25 декември 2014 г. е пуштен во употреба новиот ЕНЕР, на кој покрај новиот дизајн, е направено и техничко и содржинско унапредување. Целта на овој водич е информирање на јавноста за главните новини кои се направени на ЕНЕР (www.ener.gov.mk). Водичот е подготвен во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција, финансиран преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД). Програмата ја спроведува МЦМС.
  • 3. 3 Значење на термините ЕНЕР – Единствен национален електронски регистар на прописи ПВР – процена на влијанието на регулативата Известување - известување за почетокот на процесот и подготовка на предлогот на закон Нацрт-извештај за ПВР – прва верзија на извештајот за процена на влијанието на регулативата која што е поставена за коментирање од страна на јавноста Нацрт-закон - прва верзија на предлог-пропис којашто е поставена за коментирање од страна на јавноста Предлог-извештај за ПВР - втора верзија на извештајот кој е испратен на седница на Владата за утврдување, односно извештај утврден од страна на Владата Предлог-закон – втора верзија на предлог-пропис којашто е испратена на седница на Владата за утврдување, односно предлог закон утврден од страна на Владата
  • 4. 4 Новини на ЕНЕР Еден закон – една папка Една од главните измени во функционалноста на ЕНЕР е лесното следење на сите измени поврзани со историјата на еден закон од неговото поставување на платформата ЕНЕР. Претходно, секоја измена или дополнување на одреден предлог -закон беше во посебна папка, со што беше тешко следењето на сите измени кои ги претрпел одреден закон. Дополнително се случуваше и документи поврзани со една иста измена на предлог-закон да бидат поставени на различни места, па така на пример на едно место можеше да се најде Известувањето за ПВР и нацрт- законот, а на друго место предлог-законот којшто е утврден на седница на Владата. Со новото решение сите документи поврзани со еден закон се поставени во една папка. Сега, во истата папка постои можност да се постави и консолидиран текст на законот. На сликата 1 е даден пример како изгледа папката за Законот за архивски материјал. Во конкретниот случај доколку се разгледаат сите документи, лесно се доаѓа до информација дека прв пат во 2012 г. на ЕНЕР е поставен предлог-законот за консултации. Потоа, во 2013 г. за консултации беше поставена и Уредбата за канцелариско и архивско работење, којашто е подзаконски акт поврзан со овој закон. И на крајот, во 2015 г. за консулстации со јавноста е поставен предлог-законот за изменување и дополнување на законот. Автоматизирани минимални рокови за консултации Согласно со Методологијата за процена на влијанието на регулативата (Сл. весник бр. 107/20131), пропишани се два минимални рокови коишто треба да се почитуваат од страна на институциите при консултирање на јавноста: 1. Минимум 5 дена од поставување на Известувањето за почетокот на процесот на подготвка на предлог-законот до објавување на нацрт–законот2; 2. Минимум 10 дена период за коментирање на нацрт-законот.3 Со измените на ЕНЕР овие два рокови се автоматизирани. Со автоматизирање на почитувањето на минималниот период од пет дена од објавувањето4 на Известувањето до објавувањето на нацрт-законот, се избегнува една од клучните слабости на досегашниот систем. Со ова на корисникот му се дава можност и формално да се вклучи во процесот на подготовка на предлог-законот во фазата на ПВР. ____________________________ 1http://www.ogledalonavladata.mk/images/docs/propisi/13-metodologija-za-procenka-na-vlijanieto-na-regulativata.pdf 2Глава 2, точка 2.2 од Методологијата запроцена на влијанието на регулативата (Сл. весник бр. 107/2013) 3Глава 3, точка 3.2од Методологијата за процена на влијанието на регулативата (Сл. весник бр. 107/2013) 4 Во 2014 г. кај 47 % предлог-закони не е испочитуван минималниот рок од 10 дена за консултации на ЕНЕР. (Огледало на Владата: Учество на јавноста во процесите на подготовка на закони, 2014) Слика 1. Визуелно решение за преглед на сите документи поврзани со Законот за архивскиот материјал
  • 5. 5 Новини на ЕНЕР Минималниот периодот за консултации на нацрт-закон исто така е автоматски наместен на пропишаниот минимум од 10 дена. Бројчаник: Преостанато време за коментирање Еден од најголемите предизвици за ЕНЕР беше непостоењето информација во кој период одреден нацрт-закон е отворен за коментирање. Со ова не можеше да се следи дали коментарите кои одреден субјект ќе ги достави се дадени во рокот во кој може да се коментира или коментарот е даден и по веќе усвоен закон. Сега, со воведувањето на бројчаникот кој покажува број на преостанати денови за коментирање, овој недостаток е надминат. Пристапот до формата за коментирање и следење на достапниот период за консултации е можен на најмалку два начини. Прво, за секој регистриран корисник на ЕНЕР видлив е табеларен преглед на последните десет објавени предлог-закони, каде што исто така има информација за преостанатото време за консултации (слика 2). Второ, секое заинтересирано лице кога пристапува до папката на соодветниот предлог-закон може да го види преостанатото време и да остави свој коментар (слика 3). Слика 2. Пример за статусот на предлог-закон за преостанато време за коментирање
  • 6. 6 Новини на ЕНЕР Бројчаникот почнува да одбрoјува од моментот на поставување на нацрт-извештајот за ПВР и нацрт-законот на ЕНЕР и тој не може да биде пократок од минималниот рок за консултации од 10 дена. По завршувањето на периодот за коментирање, корисникот ја гледа пораката со следната содржина: „Времето за коментар е истечено“. Во папката за предлог- законите за коишто е започнат консултативен процес, преку поставување на известувањето и нацрт-законот е во фазата на ПВР, нема никаква порака. На сликата 2 се прикажани примери како изгледаат можните статуси во колоната „Преостанато време за коментирање“. Информацијата за преостанато време за консултации за нацрт-закон корисникот ја гледа и под копчето којшто води кон формата за коментирање, како што е прикажано на сликата бр. 3. Корисникот и по завршување на периодот за консултации може да остава коментари. Можноста за давање коментари по истекот на периодот за консултации на министерството надлежно за спроведување на законот му дава можност да го земе предвид при оценка на спроведувањето на законот. Планови за ПВР Новината на ЕНЕР e и објавувањето на плановите за ПВР за сите планирани закони на сите министерства утврдени со Годишниот план за спроведување на ПВР, којшто се подготвува паралелно со подготвувањето на предлог-иницијативите за Годишната програма за работата на Владата. Ова е добра можност за обезбедување подобра транспарентност во работењето и процесот на подготовка на прописите во министерствата бидејќи целта на Годишниот план за спроведување на ПВР е да даде преглед на потребните активности и динамиката за спроведување на ПВР за сите планирани предлог-закони и да обезбеди навремена информација за засегнатите страни за нивно навремено вклучување во процесот. Слика 3. Пример на предлог-закон поставен на ЕНЕР за кој времето за коментари е истечено
  • 7. 7 Новини на ЕНЕР Тие треба и да се ажурираат во зависност од ажурирањето на Годишната програма за работата на Владата и ажурираните верзии исто така да се објавуваат во рок од 15 дена по усвојувањето на ажурираната верзија на Годишната програма за работата на Владата. Вести Дополнителна новина на ЕНЕР е и делот за објавување вести. Во моментот се објавуваат само вести за започнување на процесот на подготовка на предлог-закони, автоматски, кога за некој предлог-закон ќе се објави известувањето. Автоматско објавување коментари Со воведувањето автоматско објавување коментари по истекот на предвидениот рок за преглед од страна на одговорното лице, корисниците се мотивирани да поставуваат коментари на ЕНЕР. Со ваквиот пристап отстранета е можноста за одолговлекување или не објавување на дадениот коментар од страна на корисникот. Имено, доколку оставениот коментар не е прегледан од страна на одговорното лице, коментарот ќе биде објавен автоматски. Огледало на влада на ЕНЕР Во посебен дел од сајтот „Соработка”, се објавуваат резултатите од следењето на вклучувањето на јавноста во раната фаза на подготовка на законите.
  • 8. 8 Автор: Марија Саздевски, соработник на проекти во МЦМС Графички дизајн: Магдалена Панева, волонтер во МЦМС адреса: ул. „Никола Парапунов“ 41А, пошт. фах 55, 1060 Скопје телефон: +389/2/3065-381; факс: +389/2/3065-298; е-пошта: mcms@mcms.mk веб-страница: www.mcms.mk www.ogledalonavladata.mk Сите права се задржани. Репродуцирање, копирањето, трансмисијата или преводот на било кој дел од оваа публикација може да се изврши единствено под следните услови: со претходна дозвола на издавачот, заради цитирање во анализа на книгата и под услови изложени во продолжение. Авторското право на оваа публикација е заштитено, но публикацијата може да се репродуцира на било кој начин без наплата за едукативни намени. За копирање во други услови, за употреба во други публикации или пак за превод или адаптација, треба да се обезбеди претходна дозвола од издавачот. Во електронска форма публикацијата е достапна на www.mcms.mk и www.ogledalonavladata.mk. Оваа публикација е овозможена со поддршка од американскиот народ преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД) во рамките на Програмата на УСАИД за антикорупција. Содржината на публикацијата е одговорност на Марија Саздевски од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС) и не ги изразува ставовите на УСАИД или на Владата на Соединетите Американски Држави. Македонски центар за меѓународна соработка Водич низ новините на Единствениот национален регистар на прописи (ЕНЕР)