ВОДИЧ
Софија Георгиевска
Невена Петровска
УЛОГАТА
РОДИТЕЛИТЕ
ПРЕВЕНЦИЈА
СПРАВУВАЊЕ
НАСИЛСТВО
УЧИЛИШТАТА
НА
ВО
И
СО
ВО
В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА
Водич: Улогата на родителите во превенција и справување
со насилство во училиштата
Наслов:
Издавач:
Прва детска амбасада во светот - „Меѓаши“, ул. Коста Новаковиќ
бр. 22А, 1000, Скопје
Телефон: +3892 2465316
e- mail: info@childrensembassy.org.mk
Лектура:
Марина Геческа – Василевска
Дизајн:
Делфина Саздовска
Невена Петровска
Софија Георгиевска
Авторки:
Дамјан Николовски
Жарко Змијанац
Уредници:
Клементина Добревска
Место: Скопје
Година на издавање: 2024
В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА
Содржина
Вовед
Значење и функција на советот на родители и
активно учество на родителите во градење
безбедна училишна средина
Улогата на родителот во градење безбедна
училишна средина за децата преку примена на
позитивни родителски вештини
Инклузивен пристап кон родителството
Механизми и мерки за превенција од насилство
2
2
8
8
15
15
37
37
40
40
Улогата на стручните служби во превенција и
заштита на децата од насилство 47
47
Дополнителни начини на превенција и заштита
од насилство 53
53
В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА
Општи поими и терминологија
За целите на Водичот договорени се следните дефиниции:
Дете ‒ секое човечко битие на возраст под
осумнаесет години. (чл. 1 од КПД). Се користи
терминот дете и се однесува на ученик во училиште.
Под родител се подразбира и старател/згрижувач –
лице кое се грижи за дете/деца и има одговорност за
нивната добросостојба и развој.
Родителство ‒ процес со кој родителот/старателот/
згрижувачот ја исполнува својата улога во грижата за
детето.
Позитивно родителство ‒ процес кога родителот/
старателот/згрижувачот постапува тргнувајќи од
интересите на детето, ненасилно се однесува кон
детето, ги признава и ги почитува неговите права, го
насочува, му покажуваљубов, но и поставува граници
со цел овозможување негов целосен развој.
Родителска поддршка ‒ секоја активност наменета за
поддршка на родител/старател/згрижувач во
исполнување на потребите на нивните деца,
вклучувајќи практична, образовна и емоционална
поддршка.
Училиште – директор, стручна служба/стручни
соработници (педагог, психолог, социјален работник,
специјален едукатор и рехабилитатор), одделенски и
предметни наставници, помошници во наставата.
Заштитна мрежа ‒ систем или сет на мерки и
активности кои се преземаат за целосна превенција и
заштита на децата од разни форми на насилство.
Заштитната мрежа се создава преку холистички
пристап, што значи дека се зема предвид целиот
контекст на животот на детето, вклучувајќи го не само
образованието, туку и неговите семејни, социјални и
здравствени аспекти.
1
Вовед
Секое дете има право да живее без насилство,
експлоатација и злоупотреба. Затоа и во нашата држава
во прв план е заштитата на децата која е гарантирана со
Конвенцијата за правата на детето, која ги обврзува
државите потписнички да ги преземат сите соодветни
законoдaвни, административни, социјални и образовни
мерки за заштита на децата од сите форми на насилство.
Детската добросостојба и нивната безбедност се од
најголема важност за сите, односно за родителите,
училиштето, заедницата. Сепак, сè уште имаме ранливи
деца, деца кои доживеале трауми и имаат негативни
детски искуства заради доживеана одредена форма на
насилство. Современото семејството доживува длабоки
промени во својата структура, функционирање и
динамика, се соочува со кризи на повеќе нивоа како што
се сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална
исклученост, разводи. Но, и покрај сè, децата сè уште се
исти и бараат многу љубов, грижа и внимание од
родителите.
Во светот во кој растат децата, покрај семејството, и
училиштето треба да биде безбедно и поддржувачко место
каде секое дете може да се развива и учи во
стимулативно и безбедно опкружување. Но, за жал,
реалноста ја става заедницата пред предизвикот поврзан
со превенција и справување со насилство во училиштата.
Децата поминуваат по 6 до 8 часа дневно во училиште
или над 200 ‒ 250 денови во годината. Времето поминато
на училиште е долго, а учењето и животното искуство кое
се стекнува на училиште е едно од највредните.
„Образованието е најмоќното оружје кое можеш да го
користиш за да го промениш светот.“ ‒ Нелсон Мандела
2
Училиштето станува центар на детскиот свет, тоа е место
каде што учат, другаруваат, се вљубуваат, комуницираат и
затоа квалитетот и безбедноста на училишниот живот е
суштински за нивниот развој. Но, како и семејството, така
и училиштето може да станат непријатна средина за
растење доколку детето е жртва на насилство. Доколку
училишното опкружување е насилно, може да има
последици врз децата, како што е отсуство од настава,
намален училиштен успех, отсуство на мотивација за
учество, чувство на несигурност, страв... Затоа заштитата
и безбедноста на децата е императив на денешнината и
потребно е сите засегнати страни да обезбедат негувачки,
заштитни и безбедни средини каде што децата растат и се
развиваат.
Тоа ќе се постигне преку:
Развивање и подигнување на свесноста и нивото на
знаење на децата, родителите, наставниците и другите
вработени во училиштето за насилството врз деца и
последиците од насилството, со посебен акцент на
врсничкото насилство;
Разбирање на потребата од превенција и заштита на
децата од насилство и холистички пристап во
организирање на овој процес преку градење заштитна
мрежа во училиштето;
Знаење и информираност за законските надлежности
на училиштето за да се операционализира заштитната
мрежа;
Градење на тријадата помеѓу стручниот тим,
родителите и децата е есенцијален аспект на
холистичкиот пристап за изградба на заштитна мрежа
во училиштето. Ова ќе се постигне преку развивање
свесност и знаење за насилството врз децата,
подигнување на информираноста за законските
надлежности и активно вклучување на родителите,
учениците и другите учесници во процесот на заштита
на децата, со посебен фокус на врсничкото насилство;
3
Информираност за законските надлежности на
другите сектори заради успешна и ефикасна
меѓусекторска соработка за постапување во заштита
на децата;
Мандат на советите на родителите, детскиот
парламент и други ученички тела со јасност во
нивната улога во спроведување на надлежностите и
застапување на детските права.
На тој начин ќе се пристапи кон организирано влијание за
менување на ставовите, рано препознавање и спречување,
негување позитивна атмосфера во училницата и јасен
одговор на прекршувањето на поставените граници, кои
заедно ги одредуваат родителите, наставниците и децата.
Во училиштата ќе се развива заштитна мрежа која
обезбедува помош и поддршка за сите деца, на децата
жртви, децата сведоци и оние кои вршат насилство, а
воедно да се негува културата на ненасилство и
промовира атмосфера на безбедна средина за секое дете.
Траумата и последиците од негативните детски искуства е
нешто што нема цена, не може да се измери и спореди.
Затоа најголемите материјални, човечки, емотивни
вложувања, треба да бидат за децата, во нивниот интерес,
заштита и за нивната добросостојба.
Водичот се води од принципот на најдобриот интерес на
детето, а се темели врз основните постулати на
Конвенцијата за правата на детето, Законот за заштита на
децата, Законот за основно образование, Упатство за
пријавување и заштита на ученикот жртва на која било од
формите на насилство, злоупотреба и занемарување и
Законот за средно образование, Национална стратегија
(2020-2025) и Акциски план (2020-2022) за превенција и
заштита на децата од насилство, Протоколот за
постапување на меѓусекторкиот тим за заштита на деца
жртви на злоупотреба, занемарување и насилство и
Протокол за постапување во процесот на превенција и
заштита на децата од злоупотреба и занемарување.
4
Овој Водич е наменет пред сѐ за родителите и
стручните служби во училиштата и може да
биде практична алатка за запознавање со
механизмите во училиштата и улогата на
родителите од страна на наставниците и
децата. Водичот е практична алатка со насоки
за превенција од насилството и заштита на
децата со цел градење на безбедна училишна
средина за секое дете и тоа преку зајакнување
на улогата на родителот и стручните служби.
Преку обединување на знаењето и
ангажманот на родителот и со поддршка од
стручните служби и училишниот персонал,
може да се креира училишно опкружување
каде што насилството не е толерирано, а
учењето и развивањето на децата е во прв
план.
Ви благодариме што сте дел од оваа идеја за
градење безбедна училишна заедница. Со
заеднички напор може да го промениме светот
во кој нашите деца растат и учат.
За кого е наменет овој Водич?
5
Водичот може да се користи при планирање на
превенција од насилство врз децата во училиштата, во
сите ситуации на насилство, сомнеж за насилство, во
изготвување и унапредување на статут на училиштето,
интерни акти, градење политика за заштита на децата,
годишна програма за работа и развојна програма на
училиштето, подготовка на теми на кои ќе работи советот
на родители, ученичкиот парламент за спроведување на
континуирана обука за вработените, изготвување
работилници и активности со децата на оваа тема и
советодавна работа со родители.
Во секоја глава на овој Водич се истражуваат различните
аспекти на улогата на родителот во превенција и
справување со насилство во училиштата. За да се збогати
искуството на родителот и стручните служби, во Водичот
се дадени совети и цитати од фокусни групи со родители
кои беа спроведени со цел да се добие подлабок увид во
перцепцијата на родителите, но и линкови од активности
кои се наменети за деца и може да се употребуваат.
Превенцијата и заштитата на децата од насилство се
однесува на сите деца и таа треба да биде универзална,
организирана и добро планирана. Но, овој процес
продолжува и во случај кога детето е жртва на која било
форма на насилство, независно каде насилството се
случило и кој е сторителот. Тоа значи дека детето може да
е жртва на насилство во домот, во училиштето,
училишниот двор, на патот од дома до училиште и
обратно, на екскурзија и други места. Детето може да е
жртва на насилство од страна на родителот, член на
семејството, непознато возрасно лице, од страна на
врсник, друго повозрасно дете, од поединци или група
сторители, наставник, тренер, друго вработено лице во
училиштето.
Како се користи овој Водич?
6
Она што треба да произлезе од користењето
на овој Водич е да се има предвид важноста
на следните аспекти:
Поттикнување на емпатија и солидарноста
помеѓу децата. Децата да се учат дека ако
сите се спротивставуваат на насилството,
ќе бидат посилни од оние кои сакаат да се
наметнат преку насилство. Еден од
начините е да се соберат во таканаречен
круг на заштита, да ја опкружат жртвата за
да ја заштитат и да ѝ помогнат мирно да се
соочи со напаѓачот. На овој начин луѓето
кои ги бранат и заштитуваат жртвите се
оние кои се храбри. Овој пристап има за
цел да ја промени и негира општо
прифатената идеја дека оние кои се
насилни се силни и храбри.
Прикажување на насилничкото
однесување како непривлечно.
Насилниците, сторителите на насилство не
се популарни во групата. Употребата на
сила, злоупотреба или друго насилно
однесување се смета за кукавичко, израз
на слабост, а оние кои го осудуваат
насилството и се спротивставуваат на
насилниците се силни личности и
изразуваат храброст.
7
Училиштето не е само институција за пренесување
знаење, туку и заедница во којашто децата ги развиваат
социјалните вештини, формираат свои вредности и го
оформуваат својот карактер. Во овој контекст, Советот на
родители и активното учество на родителите играат
неизмерна улога во градењето безбедна училишна
средина.
ЗНАЧЕЊЕ И ФУНКЦИЈА НА СОВЕТОТ
НА РОДИТЕЛИ И АКТИВНО УЧЕСТВО
НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ГРАДЕЊЕ
БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА СРЕДИНА
Значење на Советот на родители:
Советот на родители претставува форум на
соработка помеѓу родителите, наставниците и
управата на училиштето. Ова тело е основано
според Законот за основно образование, член 127,
со цел да ги обедини гласовите на родителите и
да креира платформа за заедничко размислување
и донесување одлуки. Значењето на Советот е во
тоа што претставува мост помеѓу родителите и
училишната заедница, давајќи можност за
споделување идеи, предлози и грижи, како и
заедничко работење за целите на безбедна и
поддржувачка средина.
8
•Комуникација и информирање: Советот на
родители им овозможува на родителите да
бидат информирани за актуелни настани и
предизвици во училиштето. Оваа комуникација
е двонасочна, давајќи им можност на
родителите да споделуваат свои грижи и
предлози.
•Придонес кон донесување одлуки: Советот
игра клучна улога во донесувањето на одлуки
што се однесуваат на безбедноста и
добросостојбата на децата во училиштето.
Родителите, преку Советот имаат можност да
учествуваат во формирање и промовирање
политики и мерки кои ќе го подобрат
училишното искуство.
•Поддршка и образование: Советот на
родители може да обезбеди образовни
ресурси и работилници кои ги поттикнуваат
родителите да бидат информирани за
предизвиците поврзани со насилство во
училиштата и начините за нивно превенирање.
Активното учество на родителите во Советот
создава простор за изградба на силна
училишна заедница, каде што сите членови
работат заедно за обезбедување безбедна и
инклузивна образовна средина.
Функција на Советот на родители
9
Покрај законските обврски на Советот на родители, за да
се избегне пасивната функција на родителите и до израз
да дојде нивната проактивност и вистинска вредност,
потребно е Советот да биде прогресивно тело кое ќе биде
партнер и соработник на училиштето и ќе работи во
остварување на интересите на децата. А, тоа ќе се
постигне со следното:
родителите да бидат редовни на состаноците, а
доколку не можат да дојдат, да го известат заменикот
од одделението/класот;
во континуитет да соработуваат со родители од
одделението/класот и да им пренесуваат информации
од состаноците;
да ги охрабруваат другите родители од одделението/
класот да разменуваат мислења и идеи за да ги
застапуваат интересите на децата на состаноците;
сериозно да пристапуваат кон предлогот на
програмите и извештаите на училиштето и преку
конструктивна расправа да даваат предлози за
подобрување, а не само формално мислење за нивно
прифаќање;
да даваат мислење и да предлагаат мерки за
подобрување на наставата и воннаставните
активности на сите деца, особено на децата во ризик,
децата вклучени во настани поврзани со насилство;
да иницираат и спроведуваат активности за
подобрување на квалитетот на едуцирањето на
нивните деца во училиштето.
Како родителите најдобро да ја
искористат својата позиција во
Советот на родители и да ја подобрат
соработката со училиштето?
10
Советот на родители ги застапува интересите на децата и
може да се случат важни промени токму поради нивното
застапување. Неколку практични совети како родителите
може да имаат поголема партиципативна улога преку
Советот на родители, а во насока на превенција од
насилството во училиштата:
да помогнат во остварување на комуникацијата
помеѓу родителите и наставниците;
да учествуваат во дискусии на состаноците со
конструктивна критика, да презентираат предизвици
што ги засегаат повеќето родители и деца;
доверливоста е важен аспект при претставување на
индивидуални случаи со почитување на правото на
заштита на личните податоци на другите, особено на
децата;
да се инсистира на унифициран пристап за секое дете,
што подразбира следење на постапките за
пријавување и заштита на деца жртви согласно
Упатството и преземање активности за превенција;
иницирање и водење кампања против насилство врз
децата;
организирање интернет-форум со вклучување на сите
родители на тема заштита на децата од насилство со
говорници од родителите, децата и наставниците на
однапред договорени теми и споделување лични
искуства;
воспоставување на Училиште за родителство како
посебна едукативна програма зазајакнување на
родителските капацитети;
изработка на годишен акциски план на Советот на
родители, во кој ќе се предвидат неколку активности
значајни и во интерес на децата за градење безбедна
училишна средина, со одредување на цели,
активности, извршители, рок и динамика на
реализирање;
11
формирање хуманитарен центар со вклученост на
децата, родителите и наставниците, особено децата
кои биле сторители или поттикнувачи на насилство во
училиштето, со цел нивно активирање, развивање
емпатија, учество;
организирање работилници за децата со конкретни
теми на пр. справување со стрес и траума, отпор на
притисок на врсници, врсничка медијација, позитивни
комуникациски вештини, заштита од кибер-насилство,
врсничко насилство и сл.
12
Како родителите го гледаат својот
потенцијал за подобрување на
соработката со училиштето во
превенција од насилство?
Резултатите од фокус-групите и прашалниците
покажуваат дека родителите имаат многу мало влијание
во учеството и донесувањето на одлуки за одредени
аспекти од училишниот живот. Мнозинството од нив
веруваат дека родителите можат да му помогнат на
училиштето при организирање различни активности
поврзани со превенција од насилство.
Советот на родители треба да ги поддржи иницијативите
на децата секогаш кога тоа е во нивен интерес, да најде
начин да допрат до училиштето, да ја искористи моќта на
нивната надлежност.
Дел од родителите сметаат дека можат да им помогнат
на наставниците во организацијата на часовите и
активностите.
„Советот на родители може да иницира изработка на
постери против насилство во училиште, со интересни
илустрации и ликови познати за децата,печатење на
стрипови што ги изработиле децата со добри пораки
против насилството, децата да добиваат
електронски пораки со информации за заштита од
насилство на апликациите кои ги користат. Да се
организираат квизови колку децата знаат за
насилството, театарска претстава од децата и
слично“, родител.
13
„Моето дете беше претставник на Црвен крст во
училиштето. Беше многу заинтересирана за
активностите и беше активна во соработка со
другите училишта, посетуваше трибини, предавања,
со радост одеше секаде каде што ја поканија. Имаше
идеја во нашето училиште да спроведе слични
активности. Не наиде на поддршка од училиштето.
Одговорите беа дека немале адекватен простор,
немале време“, родител.
На прашањето: Какво е вашето искуство во
развивање програма за побезбедна училишна
средина или работа на таков предлог? – сите
родители одговориле дека немало ниту
иницијатива, ниту такво искуство.
„Во училиштата во Белгија (во франкофонската
заедница) Советот на родители во училиштето е
моќно тело. Постои Федерација на здруженија на
родителски совети на официјалното образование
(Fédération des Associations de Parents de
l’Enseignement Officiel – ASBL) но целта и улогата на
ова тело е многу поразлична од училиштата во
Македонија. Членовите се доброволци и главната
улога е токму борба со насилството во училиштето, но
и организација на многу интересни хуманитарни
активности во кои родителите се главни ликови. Во
Скопје, Советот на родители во училиштето беше
огромна машинерија која ширеше немир. Многу
расправии, многу изгубени саати, дискусии за кои
мислам дека нема потреба. И секогаш, без исклучок,
немаше заеднички став по ниту едно прашање.
Главните теми секогаш беа дисциплина, училишната
кујна, т.е. оброкот што го јадат учениците кој беше
задолжителен и секако врсничкото насилство“,
родител.
14
„По еден инцидент во близина на училиштето каде
мало дете беше сексуално злоупотребено, на
иницијатива на Советот на родители во училиштето и
со петиција од родителите до Општината беше
иницирана активност за почесто патролирање на
полицијата низ населбата, а се организираа и
родителски патроли“, родител.
За споредба го искористивме искуството на
родители кои се преселиле во Брисел и децата
се вклучени во тој образовен систем.
УЛОГАТА НА РОДИТЕЛОТ ВО ГРАДЕЊЕ
БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА СРЕДИНА ЗА
ДЕЦАТА ПРЕКУ ПРИМЕНА НА
ПОЗИТИВНИ РОДИТЕЛСКИ ВЕШТИНИ
Градењето безбедна училишна средина не зависи само од
образовните институции, туку и од активното учество на
родителите. Примената на позитивни родителски вештини
е од суштинско значење за креирање на опкружување
каде што децата може да растат, да учат и да се развиваат
безбедно и поддржувачки.
15
"Како родител, се чувствувам како водач на важна
мисија. Во фокус-групата, разменував искуства со други
родители и се поттикнувавме едни со други. Од одлуките
што ги донесуваме во Советот на родители, до домашните
разговори со детето, се обидувам да бидам пример на
силна, поддржувачка и емоционално интелигентна
личност. Заедно, како родители, ние сме обликувачите на
светот во кој нашите деца растат, а еден здрав и безбеден
свет е целта што ја следиме заедно“, родител.
Промоција на позитивното родителство
како концепт за грижа на децата
Кој сте вие како родител?
Како родител вие сте најважната личност за вашето дете,
личност која носи одлуки за него и во негово име. Вие сте
најголемиот извор на љубов, грижа, топлина на вашето
дете, негов емоционален резервоар. Вие сте пример,
модел според кој детето учи како да се однесува,
емоционално да се изразува и како да воспоставува
социјални контакти. Преку вас детето учи и развива
морални вредности, начини на разрешување конфликти и
ги развива социјалните вештини. Како родител вие
влијаете во сите сфери од животот на вашето дете и
вашето семејство, а така индиректно влијаете и врз
другите семејства кои ги познавате и врз вашата
поширока социјална средина.
Вие, родителот сте моќен двигател во општеството. Ако
дома го почитувате вашето дете, му покажувате љубов, но
и поставувате граници, применувате ненасилна
интеракција и комуникација со детето и воедно оставате
простор за разговор и изразување ставови, вашето дете ќе
се однесува слично и во други средини и во интеракција
со други лица. Затоа, неопходно е промените да се случат
на индивидуално ниво, со давање личен пример и тие ќе
се рефлектираат на други нивоа и во други средини. Така
го прекинуваме кругот на насилство и промовираме
ненасилно однесување и интеракција помеѓу луѓето,
особено помеѓу децата.
Однесувањето што детето го следи во семејството му
станува природно, тоа е модел кој го прифаќа и
применува. Ако детето гледа дека родителот во
конфликтна ситуација е насилен, вика, се расправа и го
навредува соговорникот или спротивно во исто таква
ситуација се повлекува, детето ќе го направи истото на
училиште или дома. На индивидуално ниво, родителот е
привилегиран актер ‒ тој го учи своето дете за границите
на она што е дозволено или недозволено да го прави.
Соодветната интеракција со родителот придонесува за
позитивен социо-емоционален развој на детето.
16
Особено е важно да има сигурна емоционална
приврзаност и чувство на припадност во семејство кое ќе
биде основа и поттик за безбедно истражување на
животната средина и адекватно емоционално поврзување
со другите. Детето кое расте во безбедно и поддржувачко
семејство, полесно развива позитивна слика за себе, има
подобро развиени социјални вештини и емпатија и ќе се
развие во автономно и самоуверено дете.
17
Како се станува вешт и
ефективен родител?
Родителот најдобро го познава своето дете, многу
подобро од сите други и потребно е да се води од
претходно стекнатите позитивни искуства во
комуникацијата со него. Детето се менува со текот на
времето, влегува од една во друга развојна фаза и затоа е
важно односот родител ‒ дете да биде флексибилен,
родителот да покаже разбирање кон промените, а притоа
сепак да остане одговорен родител. Што значи тоа?
Улогата на одговорно и компетентно родителство,
согласно концептот на позтивното родителство
подразбира:
признавање на детето и неговите права,
почитување на неговите развојни потреби,
овозможување добра родителска грижа, нега и љубов,
ненасилно однесување кон детето,
користење позитивни родителски комуникациски и
мотивациски вештини во релацијата со детето,
насочување на детето со вклучување на родителско
водство кое подразбира поставување граници и
правила со цел развивање на неговите капацитети до
максимум,
Ова се основните постулати на позитивното родителство
кое е современ концепт којшто нуди повеќе алтернативи и
можности наменети за родителот во градење на
релацијата со своето дете. Позитивното родителство не
подразбира идеален, засекогаш непогрешлив родител,
туку родител кој вложува труд и ги надоградува своите
вештини. Позитивното родителство е важно за децата,
родителите и заедницата. Придобивки од позитивното
родителство за децата се: доброто здравје и
добросостојба на децата, намалување на насилството врз
децата – во домот и надвор од домот; намалување на
ризикот од престапничко однесување, форми на насилно
однесување и негативен животен стил кај децата; јакнење
на отпорноста на децата, особено во случај на стрес,
траума и криза; градење на соработливи и среќни деца.
Каков воспитен стил покажува родителот е многу важно
затоа што тој директно влијае врз детето и ефектите што
ги има врз него се рефлектираат преку неговото
однесување. Авторитативното родителство се смета за
оптимално за развојот на децата, најпосакуван
родителски воспитен стил. Овој воспитен стил е во
спротивност со други помалку ефективни родителски
стилови - авторитарен (ниско ниво на топлина и високо
ниво на контрола), попустлив (високо ниво на топлина и
ниско ниво на контрола) и индиферентен (ниско ниво на
топлина и контрола, незаинтересиран родител). Овие
стилови на родителство се поврзани со голем број
негативни последици во понатамошниот развој на детето.
18
користење на родителските компетенции во различни
животни ситуации на семејното живеење и
опкружувањето и секако
прифаќање дека родителството се учи.
Ефекти
врз
децата
/развивање
на
особини
на
децата
19
Презема грижа за детето
Ги објаснува одлуките и поттикнува
преговарање
Комуницира со детето
Поставува доследни граници
Емотивно топол родител кој ги покажува
своите чувства
Го почитува детето
Никогаш не користи казни
Авторитативен родителски стил
Среќни деца, автономни со чувството на
сигурност
Самодоверба, лесно совладуваат
предизвици
Способни за контрола на емоциите
Со развиени социјални вештини
Остваруваат и одржуваат пријателства
Добро реагираат на авторитетот на
возрасниот кога тоа е придружено со
објаснување и можност со преговори да
дадат свои аргументи
Однесување
на
родителот
20
Не поставува граници
Не казнува, нема контрола
Дозволува детето да си ги одредува
сопствените активности
Дава целосна слобода
Мали очекувања и барања од детето
Попустлив родителски стил
Не почитуваат граници, пркос,
бунтовност ако не е по негово
Слаба контрола на емоциите, лесно се
фрустрираат
Ниско внимание и тешкотија пред
решавање задачи, слаба концентрација
Склоност кон девијантно однесување
Ефекти
врз
децата
/развивање
на
особини
на
децата
Однесување
на
родителот
21
Неспособен да ги сфати потребите на
детето за грижа, љубов и внимание
Го занемарува детето, го доведува во
ризик
На детето му наметнува улога на возрасен
и такви се очекувањата
Индиферентен родителски стил
Слабо разбирање на границите
Анксиозни или амбивалентни во врските
Недоверба во возрасните
Ниска самопочит и слаба самодоверба
Ефекти
врз
децата
/развивање
на
особини
на
децата
Однесување
на
родителот
Казнува и спроведува цврста контрола и
насилни методи
Поставува сопствени стандарди и бара
почитување без приговарање
Дистанциран и не ги објаснува правилата
Емотивно ладен родител
22
Авторитарен родителски стил
Несреќни по природа, анксиозни,
повлечени, често тажни
Слаби реакции на фрустрација
Добар успех на училиште заради страв
од реакција на родителите
Тешко воспоставуваат и одржуваат
пријателства
Бунтовни кога ќе станат адолесценти,
склони кон девијантно однесување,
зависности
Ефекти
врз
децата
/развивање
на
особини
на
децата
Однесување
на
родителот
Сите семејства различно се справуваат со тешките услови
и состојби во кои се наоѓаат. Некои семејства се помалку
отпорни на стрес и многу тешко се помируваат или
справуваат со живот во посебни услови. Како тие ќе се
справат со тешкотиите што ги носат посебните животни
услови, зависи од специфичните карактеристики на
личноста/поединецот, поддршката и разбирањето од
семејството и поддршката од општествената средина. Но,
сепак, и во такви услови потребно е родителот да преземе
одговорност и да работи на планот на позитивно
родителство и одржување добри релации помеѓу
членовите во семејството. Што најмногу помага во таков
случај, родителите можат да прочитаат и во: Програма за
позитивно родителство – Фер родител, фер дете.
23
Унапредување на комуникациските
вештини на родителот со детето
Целокупната интеракција на родителот со детето е
одредена форма на комуникација. Од раѓање родителот
постојано е во комуникација со своето дете, но на
различни начини соодветно на возраста и развојот на
детето, од висината и бојата на гласот, изразот на лицето,
говорот на телото до изговорените зборови. На тој начин
родителот му испраќа на детето пораки, чувства, му ги
пренесува своите мисли, а со тоа му покажува љубов,
почитување, емпатија и грижа, но може да му испрати и
спротивна, негативна порака. Позитивната комуникација
со детето го намалува отпорот, стравот и дистанцата и
предизвикува желба и мотив да соработува со родителот.
Начинот на кој родителот комуницира со детето станува
модел според кој учи да комуницира со другите луѓе.
Преку ненасилна комуникација, родителот го учи детето
како да ги решава предизвиците со своите врсници, да
покаже почит и емпатија кон другиот, но и кон себе.
Родителот може да користи и насилна комуникација со
детето, односно да го удира, штипе, влече, вербално да го
навредува, да му ги оштетува играчките, книгите, да го
игнорира, потценува и уште многу други начини на
занемарување и злоупотреба. Детето учејќи од родителот
може да се изрази не само со зборови, туку и преку своето
однесување, низ игра, цртање, моделирање, музика,
пеење, танцување, пишување, но и преку удирање,
навредување, потценување на другите. Улогата и
големината на родителот во создавање на заштитна,
ненасилна и безбедна средина за детето е доколку детето
го учи на позитивна комуникација и интеракција со
другите деца и возрасни и така индиректно влијае врз
големата слика на безбедно училиште.
Интеракцијата меѓу родителот и детето е комбинација од
вербална и невербална комуникација, намерна и
ненамерна.
Но, за успешна и позитивна комуникација на родителот со
детето, многу важни се и комуникациските вештини кои
може да се учат и да се користат во различни развојни
фази од животот на децата.
24
Активно слушање
Важно е родителот да го слуша детето кога зборува,
бидејќи на тој начин ќе го научи да размислува. Може
заинтересирано да поставува прашања и тоа: Што...?
Како...? Зошто...? и да има доволно време за да слушне и
дознае што детето мисли и чувствува. Со тоа покажува
колку детето му е важно.
25
Ветување
Родителот да не дава ветувања ако не може да ги исполни
или претходно не е договорен со партнерот. Само кога е
сигурен и подготвен да ја реализира активноста,
родителот може да ја соопшти.
Корисни зборови
Забележав, согледав, видов, воочив, наместо: не си ги
наместил/а книгите, ништо не учиш, повторно си ги
скинал/а пантолоните...
Критика на однесувањето, а
не на личноста на детето
Критиката може да се степенува, во зависност од
возраста на детето и од поводот за критика, односно
коментар. Се критикува конкретно однесувањето, но не и
неговата личност. Критиката е поприфатлива ако е кажана
како коментар.
26
Користење зборови кои
означуваат чувства
Потребно е родителот да биде водич со емпатија, да
покаже сочувство кон детето и неговите чувства, да ги
изразува своите чувства со зборови и да му помогне да ги
вербализира чувствата кои минуваат низ него. Секое
чувство има име.
Користење на хумор и шега
Како растат децата и родителството станува посериозно.
Во ситуации за надминување на тензијата помеѓу детето и
родителот, препорачливо е да се користи хумор кој
зближува.
Повратно слушање
Родителот може да му покаже на детето дека го слуша ако
се однесува како „огледало“, и ќе реагира повратно на тоа
што го слушнал. Задача на родителот е да му го повтори
на детето тоа што го слушнал од него, со други зборови, но
содржината да остане иста.
27
Јасно и разбирливо зборување
Родителот да зборува на јазик разбирлив за детето и
соодветен за неговата возраст. Потребно е да биде јасен и
многу конкретен, да не користи навредливи зборови и при
разговорот да му покаже на детето дека го почитува и
сака.
НЕ за условување и
казнување
Тоа е манипулација со детето, родителот постигнува брза,
но краткотрајна контрола врз детето, но не овозможува
поставување граници и контрола на долги патеки, што ја
намалува можноста за соработливост со детето и
можност и самото дете да ја развие таа вештина.
Посветете време за разговор со детето и објаснете му ги
причините кои стојат зад одредени правила. Истакнете го
значењето на соработката и развивањето на неговата
способност за самоконтрола, поддржувајќи го во процесот
на учење и развој.
Унапредување на мотивациските
вештини на родителот
Се препорачуваат одредени насоки за родителот кои ги
унапредуваат неговите мотивациски вештини кои може да
се користат во интеракција со детето, со цел тоа да биде
соработливо, а воедно и да ги развива сопствените
социјални и комуникациски вештини кои ќе бидат
ненасилни, кооперативни и емпатични.
Тоа е еден од начините детето да научи од родителот да
ги почитува различностите, да не дискриминира, да
прифаќа правила, граници и правилно да се однесува во
училиштето, да ја контролира својата лутина и бес, да не
биде импулсивно и насилно, да преговара со аргументи, да
почитува туѓо мислење, но да го аргументира и да се бори
за сопственото, да има изградено морални вредности и да
прави разлика помеѓу прифатливо и неприфатливо
однесување, да каже НЕ за насилството, да ги цени
пофалбите, охрабрувањето, но да знае да мотивира друг
со убави и пофални зборови. Детето мора да се учи да се
потпре на сопствените сили и со возраста да се
осамостојува и родителската презаштитничка улога да
прерасне во доверба дека детето може само да се грижи
за себе и да се справи со светот кој секогаш не е
пријателско место. Подетално за ова родителите може да
прочитаат во Прирачник за позитивно родителство – Фер
родител, фер дете.
28
Која е улогата на родителот кога ќе се
случи насилство во училиште?
Секое дете може да биде дел од насилен настан во или
надвор од училиштето, како жртва, поттикнувач/сторител
или набљудувач. Во некои сложени ситуации тешко е да се
одреди кое дете во која позиција се наоѓа, особено кога
станува збор за група на деца. Но, важна е неговата
реакција и како ќе се справи со настанатата ситуација.
Насилството може да е еднократно или да се повторува.
Децата не знаат секогаш адекватно да изреагираат,
бидејќи немаат животно искуство, зрелост, подготвеност
да го решат конфликтот. Во секој случај на детето му е
потребна поддршка, а реакцијата на родителот и
училиштето се задолжителни. Тоа е единствениот начин
да се намали насилството и да се создаде безбедна и
поддржувачка средина во училиштата.
- Како родител на дете жртва на насилство од други деца
во училиште, потребно е итно да го пријавите настанот во
училиште, согласно Протоколот. Доколку злоупотребата е
направена од страна на лица надвор од училиштето или
од страна на возрасно лице/лица, веднаш пријавете во
полиција. Немојте сами да преземате активности за
расчистување на случајот, да се јавувате кај други
родители или деца или да организирате средби. Случајот
на насилство секогаш го води училиштето или други
установи, ако станува збор за сложен случај на насилство.
- Доколку станува збор за помал инцидент во училиште, но
детето е вознемирено и забележувате некои знаци кои се
реакција на настанот, обратете се на контакт-лицето во
училиштето задолжено за насилство. На тој начин
помогнете да се разрешат конфликтите на почеток и
додека се мали. Конфликтите понекогаш можат да
прераснат во посложени насилни ситуации. Во тој случај
поттикнете го детето да го примени тоа што претходно го
научило за постапување во слични ситуации.
- Следете ги процедурите и предлозите од училиштето или
друга институција и соработувајте со нив. Покажете
проактивност и залагајте се да се работи на случајот.
- Бидете му поддршка и утеха на детето. Може да
разговарате ако детето е подготвено или само да седите
до него, да го гушнете или да правите нешто што му
одговара во тој случај.
- Кажете му дека не е виновно за ситуацијата во која се
нашло.
- Активно слушајте го детето и покажете му сочувство и
емпатија. Ако сака да зборува, не го прекинувајте, но и не
покажувајте гнев кон сторителите затоа што со вашите
емоции ќе го спречите да биде искрено.
1. Ако вашето дете било жртва на
насилство, може да примените некои
од советите кои би му помогнале:
29
- Ако има простор, може да го прашате како се чувствува и
како се справува со доживеаното.
- По одредена временска дистанца од насилниот настан
може да му помогнете да вежба кога е во слична ситуација
како да му се обрати на насилникот, како на пр. со
користење на следните изрази: „Остави ме!, Стоп!,
Досаден си!, Тргни се од мене!“ и да си замине. Но, тоа
може да остане на вежбање. Не бидете сигурни дека би го
применило во реалноста. Не го осудувајте за тоа.
- Истражете заеднички што довело до насилство и
помогнете му со совети како да биде секогаш во близина
на возрасни и деца или да ги избегнува местата каде би
било во контакт со насилното дете, разгледајте го патот
до дома и каде би можело да побара помош, научете го да
пријави кај најблиското возрасно лице во училиштето и
која е разликата од пријавување до тужење. Целта на
тужење е да се доведе некого во неволја, а пријавувањето
е да се спречи неволја.
- Разговарајте со вашето дете за насилство и злоупотреба.
Помогнете му да ја разбере суштината на насилството,
воопшто на ваквите појави во општеството. Користете
примери, филм, книга, секојдневен настан за кој
информираат медиумите.
- Не помага да му кажете на детето дека тоа е проблем на
другото дете кое злоставува и е насилно и дека нешто не е
во ред со тоа дете.
- Не помага да го убедувате дека светот е таков, дека
секогаш ќе има такви луѓе и дека мора да научи да се
справува со тоа (тоа е вистина, но во овој момент не
помага).
30
Што не помага во овие ситуации?
- Не му кажувајте дека не треба ова да го зема при срце, да
заборави, дека мора да зајакне. Детето ќе ги разбере овие
пораки како: „молчи и страдај“, а не како поддршка во
изнаоѓањето начин да се справи со тоа. Ваквиот совет
особено не е ефикасен кога станува збор за дете жртва
злоупотребено од група деца.
- Не му кажувајте да возврати, зашто обично децата кои
злоставуваат се посилни, но и затоа што со ваков совет ги
прекршувате вредностите и правилата за кои се залагате.
- Не помага и презаштитничко однесување на родителот,
како што е „не грижи се, јас ќе се грижам за тебе, не мора
да одиш на училиште, јас ќе одам во училиште и ќе ги
средам“.
31
„Во моментот кога дознав дека моето дете станало
жртва на насилство, чувствував сочувство, тага и
безизлезност. Но, истовремено, се појави и потреба
за акција. Како родители, го оставаме стравот и
работиме со неверојатна решеност да го заштитиме
нашето дете. Ова искуство ме научи дека
родителството не е само заради радоста, туку и
заради предизвиците и борбата за безбедност и
добробит на нашите деца. Нека секој родител знае
дека не е сам и дека можеме заедно да ги менуваме
стравовите само со јака поддршка“, родител.
- Колку и да е тешко за вас како родител, пријавете го
настанот во училиште и следете ги процедурите и
предлозите од нив, соработувајте и не влегувајте во
дискусија со други родители, освен ако тоа не е водено од
претставник од училиштето. Фокусирајте се на
однесувањето што треба да се промени, за добросостојба
на вашето дете, но и на сите други деца во училиштето.
Воздржете се од искушението да негирате, да го браните
или оправдувате вашето дете.
32
„Родителскиот совет во училиштата во Брисел работи
пред сè на превенцијата и свесноста за насилство.
Знам за еден пример, при расправија меѓу група
девојчиња, се случила вербална злоупотреба спрема
едно девојче. Веднаш е реагирано кај наставничката
на одделението која понатаму ги презеде сите чекори
за да се смири ситуацијата. Родителите беа повикани
безброј пати на состаноци со стручната служба. Тоа
беше еден долг процес на кој се работеше 6 месеци.
Но, децата продолжија да учат во истото одделение
дури и станаа другарки во последната година пред да
одат во гимназија. Тоа е успех за целиот тим кој беше
засегнат со проблемот, децата, родителите, стручниот
тим, но беше многу важен и угледот на училиштето“,
родител.
2. Ако вашето дете било сторител или
поттикнувач на насилство, може да
примените некои од советите кои би
му помогнале:
Наместо тоа, многу подобро е мирно и со емпатија да
изразите загриженост за детето кое настрадало. Сфатете
го проблемот сериозно, не дозволувајте да го негирате
или да ја минимизирате сериозноста на ситуацијата. Тоа е
за доброто на вашето дете.
- Внимателно слушајте го вашето дете и фокусирајте се на
добивање на факти, а не на негови толкувања на
зборовите на другите. Разговарајте со детето, слушнете ја
неговата страна на настанот и зошто тоа го сторило, што
го поттикнало, дали било со други деца или само. Некогаш
децата тоа го прават за да се прифатени од групата, за да
бидат лидери, од забава, да се осветат за друг, не
размислуваат за последиците или дека настанот ќе добие
такви димензии, поради импулсивно реагирање на
навреда, но понекогаш тоа го прават за да бидат видени и
чуени, особено ако и самите се жртви на насилство.
Можеби детето нема изградено добри социјални вештини,
не може да оствари близина, емпатија и доверба во
другите. Причината зошто го направило тоа е важна и за
вас како родител, но и за училиштето, бидејќи полесно и
попрецизно ќе го поддржат развојот на вештините кои му
недостигаат или ќе му дадат друга здравствена помош и
поддршка нему и вам.
- Размислете зошто детето се однесува на тој начин, дали
нешто сте пропуштиле во однесувањето на детето, некој
знак кој не сте го препознале, дали има причини во
семејството, болест на некој член, агресивно однесување,
зависност, преголема попустливост или строгост кон
детето, дали некого имитира или и самото дете е жртва
или има други трауми. Идентификувајте, но не се
обвинувајте и не ја преземајте неговата вина врз себе.
- Размислете кој настан или личност му влијаел, дали
детето се чувствува понижено и обесправено од некој
дома, во училиште, на тренинг или на друго место, па
затоа тоа сака да ги повреди другите.
33
- Без разлика на причините, вие како родител треба да
бидете јасни и да го изразите своето неодобрување и да
побарате веднаш да престане со тоа однесување. Ставете
му до знаење дека мора да преземе одговорност за
своето однесување и последиците кои произлегуваат од
неговото однесување. Не се заканувајте, не го казнувајте,
не му викајте или удирате, може да му одземете некоја
привилегија и бидете доследни во тоа. Очекувајте какви
мерки ќе преземе училиштето и вклучете се активно во
нивно реализирање, поттикнете го и вашето дете. Често
разговарајте за сериозноста на насилството, воопшто,
давајте други примери, јасно изразувајте го вашиот став и
вредностите за кои се залагате. Запознајте ги неговите
другари, разговарајте со нив и ако е потребно, ограничете
го времето што го поминува со нив за да го намалите
нивното влијание.
- Не очекувајте дека детето веднаш и целосно ќе го
промени своето однесување, може уште ќе ги тестира
вашите граници и границите на училиштето. На подолг рок
треба помош и поддршка, промена во верувањата, поттик
на емпатичност, сочувство, развивање на блискост,
контрола на импулсивноста и гневот, прифаќање на
граници и правила.
- Поминувајте повеќе време со вашето дете правејќи
работи во кои уживате и вие и детето, вклучете го во
заеднички семејни активности, правете договори,
воспоставете граници и правила, но со многу љубов и
емпатија, пофалете го за позитивните промени, вклучете
го во преговарање за неговите потреби и желби, не
прифаќајте манипулација, притисоци и уцени, бидете
доследни.
- Не очекувајте промената да дојде само од страна на
вашето дете. Промената мора да дојде и од вас и другиот
родител или членови на семејството. Прифатете стручна
помош, поддршка, па и да е на подолг рок. Бидете
доследни и упорни во тоа. Секогаш се исплаќа да се
вложуваме за децата.
34
35
Важно е родителите, наставниците и стручните тимови да
соработуваат, да бидат партнери на индивидуално ниво,
но и колективно, заради унифицирано постапување за
сите деца и градењебезбедна средина за децата.
„Кога се соочив со реалноста дека моето дете
станало насилник, се чувствував разочаран, но и
одговорен. Заедно со моето дете работевме на
разбирање на корените на неговото постапување и
креирање на простор за воспитување и промена.
Секој родител има одговорност да работи за
подобрување на културата на насилство и да ја
менува причината за постапувањето“, родител.
Која е улогата на родителот кога ќе се
случи насилство во училиште?
Покрај учеството во Советот на родители и преземање
акција за создавање позитивна и ненасилна клима во
училиштето, родители поединци може да предлагаат
активности до Советот и да се вклучат со свои
иницијативи и проактивности.
36
Родители кои заради природата на својата
професија (педагози, социјални работници,
психолози, доктори, музичари, уметници, спортисти
и др.), а како чин на добра волја сакаат да
придонесат во градење на ненасилна атмосфера во
училиштето со свои активности.
Родители кои можат да помогнат за поголема
соработка на единицата на локална самоуправа и
училиштето, на пример, отворање на спортски
клубови, активирање на локално радио каде децата
ќе имаат своја програма, формирање на општински
совети, советувалишта, изработка на пораки
против насилство и истакнување на видливи места
во општината, соседска поддршка и формирање на
други ресурси кои ќе помогнат кон создавање на
ненасилна средина за живеење.
Има родители кои сакаат да се приклучат на
тимовите за заштита и придружување на децата на
пат од дома до училиште.
Некои родители можат да собираат или да
обезбедат средства во натура или друг вид услуги
и поддршка кои ќе го поддржат извршувањето на
различни активности во спречување на
насилството во училиштата, особено за децата во
ризик.
Важно е да се нагласи дека овие родители ќе дејствуваат
во соработка со Советот на родители и другите тела во
училиштето, особено со ученичките тела и согласно
програмата за работа на училиштето. Неопходно е
родителите и наставниците да соработуваат за да се
намали насилството во училиштето, секој од свој аспект и
улога. Воедно, значајна е вклученоста на сите родители, не
само оние кои лично се засегнати од насилство.
37
ИНКЛУЗИВЕН ПРИСТАП
КОН РОДИТЕЛСТВОТО
Инклузивниот пристап во училиштето создава соодветна
и поддржувачка средина каде секое дете има право и
можност на квалитетно образование и можности за
развој. Ова е важен аспект за успешно образование на
сите ученици и за изградба на училишта кои ги обучуваат
сите учесници.
Децата со попреченост во развојот имаат четири пати
поголема веројатност да бидат изложени на насилство,
стигматизирање и дискриминација, почесто се напуштани
од страна на родителите, а голем број од нив се невидливи
во општеството, бидејќи не се опфатени со ниту една
услуга и се надвор од системот.
Совети за создавање безбедна и
ненасилна средина во училиштата за
деца со атипичен развој
Едукација и сензибилизација
Заедно со наставниците
едуцирајте ги другите
родители и ученици за
атипичниот развој и како
можеме да создадеме
средина за поддршка.
Индивидуален пристап и
план за учење
Работете со наставниците
за да креирате
индивидуализиран план за
учење кој се однесува на
потребите и силните
страни на вашето дете.
38
Соработка со експерти и
тимови за поддршка
Вклучете се во соработка со
експерти и тимови за
поддршка, вклучувајќи
специјалисти за образование,
терапевти и други експерти.
Прилагодување на
активностите
Разговарајте со
наставниците за да се
прилагодат на општите
активности и плановите за
часови за да го вклучите
вашето дете според
неговите потреби.
Креирање безбедна
рутина
Поддржете го
создавањето на стабилна
и предвидлива рутина за
вашето дете, што создава
чувство на сигурност
Формирајте група за
поддршка со родителите и
соработувајте за да
споделите искуства,
предизвици и решенија.
Тимска работа со
родители
Сетилна поддршка
Прилагодете ја вашата
училишна средина и
активности за да ги
задоволите сензорните
потреби на вашето дете.
39
Во продолжение следуваат цитати кои ги одразуваат
искуствата и ставовите на родителите во фокус-групата и
даваат значаен увид за подобрување на соработката
помеѓу родителите и училиштата, како и за поддршка на
децата со атипичен развој.
Наставни вештини за
независност
Работете со наставниците за
да ги научите вештините за
независност кои ќе им
помогнат на децата со
нетипичен развој во
секојдневните ситуации.
Поттикнување на
социјалните вештини
Активно поттикнувајте ги
социјалните вештини со
вклучување игри и
активности кои им
помагаат да комуницираат
со другите ученици.
„Во нашата група сите родители ја изразуваат
потребата за подобрување на комуникацијата помеѓу
училиштето и родителите, особено таму каде што
има група на деца со нетипичен развој. Сакаме
поголема отвореност и разбирање за
индивидуалните потреби на децата“, родител.
Превенција од насилство и
злоупотреба
Информирајте ги
претставниците на училиштето
и безбедносниот персонал за
атипичниот развој на вашето
дете и обезбедете ја нивната
поддршка во спречувањето на
насилството и злоупотребата.
40
„Што се однесува до нас во групата, забележавме
дека многу родители се чувствуваат изолирано. Има
потреба од подобрување на социјалната поддршка и
вклученост во заедниците, особено за децата со
аутизам“, родител.
МЕХАНИЗМИ И МЕРКИ ЗА
ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО
Спречувањето на насилството во училиштата не е само
етичка задача, туку и неопходен услов за формирање
безбедна и поддржувачка образовна средина. Со градење
на ефективни механизми и имплементирање на соодветни
мерки, родителите, наставниците и училишната заедница
можат значително да придонесат за создавање средина
каде децата се чувствуваат безбедно и поддржано.
Превенцијата од насилство врз децата во училиштата е
систем на различни мерки и дејствија преземени од
училиштето, родителите, локалната заедница и други
општествени чинители за да се спречи појава на
насилство и повторување на насилно и ризично
однесување. Но, трендот на позитивно именување на
превенцијата води кон тоа дека превенцијата е процес кој
има за цел не само да спречи насилство, туку да овозможи
и да се поттикне социјалниот развој на децата, што ќе
доведе до развој и зајакнување на просоцијално
однесување и индиректно ќе го спречува насилството.
Превентивната програма во училиштата е сет на
планирани активности со цел да се постигнат специфични
цели кај одредена популација на деца или родители за
одреден временски период.
41
Превентивните програми треба да се комплексни, да
вклучат голем број професионалци, деца и нивните
родители кои треба да научат како да се справат со
сегашните, но и со идните проблеми кои може да се
појават во текот на детското растење. Примената на
различни модели на превентивни програми даваат
позитивен одговор на одредени ризици, особено оние кои
се базирани на докази и се евалуирани.
Превенцијата од насилство во училиштата има за цел:
создавање безбедно, сигурно и заштитено
опкружување за децата;
развивање и негување на атмосфера на соработка,
почитување на различностите, конструктивна
комуникација и следење на одредени правила на
однесување во рамките на воспитно-образовните
активности,
развивање на вештини за препознавање и ефикасно
реагирање во ситуации на насилство.
Потребно е да се воспостави систем за поддршка кој
опфаќа широк опсег на различни механизми и мерки за
превенција од насилство за различни групи деца. Рамката
за поддршка на децата треба да биде целосна и сеопфатна
и да ги вклучува сите димензии од животот на децата:
семеен, училиштен, емоционален, здравствен и сл.
Акцентот се става на градење доверба, емоционални
врски и мотивација за прифаќање позитивни содржини и
промени. Поддршката треба да биде инклузивна и да се
избегнуваат можни стигми поврзани со означување на
ризичните ученици. Се препорачуваат три нивоа на
интервенција:
Универзална поддршка – за сите деца во училиштето
1.
Насочена поддршка – за група деца со умерен ризик
од насилство и потреби
2.
Индивидуална поддршка – интензивна интервенција
за деца чии ризици и потреби се високи.
3.
42
,,Родителите можат да влијаат на создавање на
безбедна училишна средина преку актвно учество во
училиштето, конференции, само обединети ќе
направиме побезбедна земја и заедница”, изјава на
ученичка.
Секое дете има право на универзална поддршка. Тоа е
спонтан дел од секојдневниот процес на учење и
подучување. Но, ако универзалната, општа поддршка не е
доволна, се прави процена и се изготвува план.
Целните/насочени и индивидуалните интервенции за
учениците изложени на ризик ќе бидат многу поефективни
доколку се спроведуваат од мултидисциплинарни тимови
во училиштата и по потреба со вклучување на надворешни
експерти и ако се вклучени сите кои се блиски и
комуницираат со децата, родителите и членовите на
семејството. Писмениот план за заштита на жртвата и
промена на однесувањето на сторителот кој се договара
со детето и неговото семејство може да придонесе за
поставување јасни и остварливи цели во решавањето на
предизвиците и следењето на напредокот.
,,Децата сакаат поголема вклученост во
активностите, да бидат разбрани и слушнати нивните
потреби”, изјава на ученичка.
„Образованието е нашиот клуч за градење училишна
средина каде што децата се чувствуваат безбедно.
Како родител се обидувам да ги научам моите деца
за важноста да се почитуваат разликите и да се
решаваат конфликтите без насилство. Само преку
образованието можеме да го промениме обликот на
училишната средина“, родител
одржувајте гостински предавања
или работилници со експерти за
насилство и безбедност во
училиштата.
СОВЕТ
организирајте редовна обука за
наставниците за да ги препознаат
потенцијалните знаци на насилство
и како да реагираат.
СОВЕТ
Едукација и сензибилизација
43
„Политиките за безбедност треба да бидат добро
дефинирани и достапни за секого. Како родител,
имам доверба во училиштата каде што знам дека
постои солидна безбедносна политика која ми
обезбедува чувство на сигурност за моето дете“,
родител.
организирајте состаноци со
родителите и објаснете ги
безбедносните политики и
нивната важност за заедницата.
СОВЕТ
воспоставете јасни и јавни
безбедносни политики кои ќе
бидат достапни за родителите,
наставниците и децата.
СОВЕТ
Политики за безбедност
44
„Мислам дека образованието за различности и
почитување треба да биде континуиран дел од
училишното искуство. Да ги научиме нашите деца да
ја ценат различноста, што значи дека градиме
толерантна и безбедна заедница“, родител.
промовирајте проекти и
активности кои ги поддржуваат
различните културни и етнички
аспекти на училишната заедница.
СОВЕТ
вклучете образовни програми кои
поттикнуваат толеранција, разбирање
и почитување на разликите, преку
изборните/слободни предмети и
воннаставни активности.
СОВЕТ
Образование за различност и почит
45
„Едукацијата за емоционалната интелигенција во
училиште е како подготовка на децата за живот.
Колку повеќе ги учиме како да управуваат со своите
емоции, толку повеќе ги подготвуваме за
предизвици, вклучително и конфликти коишто може
да се појават“, родител.
организирајте денови за
подигање на свеста за
менталното здравје и обезбедете
простор за отворена дискусија.
СОВЕТ
креирајте програми во училницата или
училиштето за социјална и
емоционална поддршка, со фокус на
градење позитивни меѓучовечки
односи.
СОВЕТ
Социјална и емоционална поддршка
46
Улогата на училиштето во превенција,
препознавање и откривање на насилството
врз децата е најзначајна, затоа што децата
поминуваат најдолго време во училиште и
може да се воочат и најмали промени кај
децата. Таа можност ја нема ниту еден друг
сектор. Заради тоа училиштето треба да
создава клима во која децата ќе можат
слободно да се доверат на наставниците, ќе се
подучуваат како да кажат „не“ на лица кои се
насилни кон нив на кој билоначин или од нив
бараат невообичаени работи, како да се
заштитат во различни ситуации и како
ненасилно да се однесуваат и да ги
разрешуваат конфликтите.
Затоа во таква ненасилна атмосфера секој
вработен во училиштето е должен да презема
мерки за заштита на правата на детето и да
реагира на секое кршење на тие права, особено
при физичкото и емоционалното насилство,
сексуалната и друг вид злоупотреба и
занемарувањето.
УЛОГАТА НА СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ ВО
УЧИЛИШТАТА ВО ПРЕВЕНЦИЈА И
ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД НАСИЛСТВО
47
48
Стручен тим за превенција, поддршка и
заштита на децата од насилство и
чекори на постапување
За да може училиштето да реагира подготвено на настани
поврзани со насилство врз децата, потребно е покрај
основните документи за постапување, односно измена на
статутот, донесување на интерен акт, назначување на
контакт-лице за пријавување насилство и негов заменик,
да обезбеди услови за примена на Упатството за
пријавување и заштита на ученикот жртва на која било од
формите на насилство, злоупотреба и занемарување и да
ги зајакне капацитетите на вработените.
Препорака е училиштето да формира тим за превенција,
поддршка и заштита на децата од насилство составен од
директорот, стручна служба и наставник/наставници, кој
ќе биде посветен на превенција од насилство и
интервенција. Директорот определува контакт-лице за
пријавување насилство и негов заменик од редот на
стручните соработници кои се и членови на тимот, кои
имаат службени е-адреси и телефони, објавени во
интерниот акт и поставени на видливи места во
училиштето и на неговата веб-страница. Училиштето е
должно да обезбеди секаков вид комуникација со
учениците, родителите и контакт-лицето за пријавување
насилство, различни канали за пријавување како што се
анонимни пријави, телефонска пријава, електронско
известување на е-адреса или друга апликација, службен
телефон и е-адреса на назначените лица кои ќе се
користат исклучиво за ваков вид пријави. За анонимните
пријави потребно е да постои кутија за пријави, но истата
да се користи и за пофалби, критики, правaта на децата за
да се осигура анонимноста. Кој било вработен што има
дојава за насилство треба да ја проследи информацијата
до назначеното контакт-лице.
49
Градење на училишна политика за заштита од насилство и
подготвување на документи за акција, согласно законските
и подзаконски акти, протоколи, упатства и сл.;
Изработка на правила на однесување во училиштето и
последиците од непочитување на правилата, со активна
партиципација на децата;
Запознавање на наставниците и помошниот
административно-технички персонал со улогите и
одговорностите на секој член во примената на постапките
при насилство;
Подигнување на нивото на свеста кај учениците,
родителите и сите вработени за препознавање на
насилството, злоупотребата и занемарувањето преку
предвидени активности;
Организирање обуки за ненасилна комуникација и
конструктивно решавање на конфликти за наставниот
кадар и за децата, теми поврзани со булингот, кибер
насилство, семејното насилство и сл.;
Поттикнување на учениците кон поголема вклученост во
превенција од насилството, организирање обуки за
врсничка медијација, организирање и активно вклучување
во ученички тела, присуство на ученици на дополнителни
едукации на темата насилство организирани од градот,
локалната заедница, здруженија на граѓани;
Родителите во овој дел се партнери и важни
соработници на училиштето, тие може да препознаат и
пријават насилство врз децата, да бидат дел од
превенција или постапките кои се преземаат, но не и да
ја преземат или да ја водат постапката на интервенција.
Таа должност ја има училиштето.
Предлог активности за Стручен тим за превенција,
поддршка и заштита на децата од насилство:
50
Покрај превентивната улога на тимот, интервенцијата е
многу значајна реакција на училиштето во ситуации кога
постои сомнеж или се случило насилство врз дете. Целта
на интервенцијата е да се прекине насилството, да се
заштити детето, да се намали ризикот од повторување на
насилството, да се влијае на ризик-факторите кои
придонеле да се појави насилството и да се ублажат и
отстранат неговите последици. Училиштето треба да
реагира на насилството во случај кога:
Насилството се случило во училиште, што подразбира
и во училишниот двор, на пат кон училиште и
Насилство, злоупотреба или занемарување на детето е
забележано од страна на училиштето, имаат сознанија
или сомнеж дека детето е жртва на насилство на кое
било место, а притоа насилството не е разрешено или
пак детето трпи последици врз здравјето и развојот.
Парадигмата кон насилството врз деца е променета.
Нулта толеранција на насилство, гласно говорење против
насилство врз деца, спротивставување на насилството и
насилниците.
Организирање разговори, трибини, претстави, изложби
за безбедност и заштита на децата од насилство во
рамки на училиштето, но и во соработка со другите
училишта во општината, при што се прави размена на
искуствата на децата и наставниците;
Грижа за вмрежување на сите клучни носители за
превенција на насилството и спроведување на
одлуките на Советот на родители, Училишниот одбор,
Ученичката заедница, Наставничкиот совет;
Отворање на вратите на стручната служба за децата,
градење доверба и соработка;
Организирање дежурства за наставниците и
помошниот технички персонал во училиштето и др.
51
Секој е должен да пријави насилство или сомнеж за
насилство. Затоа е многу значајно вработените во
училиштето да го препознаат насилството, да знаат да ги
детектираат знаците на различни видови насилство врз
децата. Вработените во училиштето се должни веднаш да
го прекинат насилството кое се случува во училиштето и
во неговата близина, но и да реагираат во случај на
сомнеж дека се случува насилство врз дете во рамките на
семејството или на некое друго место.
Најголемиот број насилни ситуации кои се случуваат во
училиштето помеѓу децата треба да ги прекинат и решат
вработените во самото училиште. Потешките случаи на
насилство, односно кога последиците се посериозни и
кога постои ризик од повторување на насилството, како и
ситуации во кои има сомнеж дека детето е изложено на
насилство, злоупотреба или занемарување од страна на
возрасни, бараат вклучување на институции, односно
веднаш да се повика полиција и/или центар за социјална
работа. Начините и облиците на соработка на сите овие
системи се дефинирани со Заедничкиот протокол за
постапување во случаи на злоупотреба и занемарување на
деца, како и со Протоколот за постапување на
меѓусекторски тимови кои работат со деца жртви на
насилство.
Во случаи кога сторителот на насилство врз дете е
возрасно лице (вработен, член на семејство, непознато
лице и сл.) неопходно е вклучување на тимот, директорот
на училиштето и другите надлежни институции како
полиција, центар за социјална работа, здравствена
установа, јавен обвинител и нивно постапување согласно
протоколите. Задолжително се известуваат и повикуваат
родителите на детето/децата вклучени во настанот.
На насилство се реагира веднаш, со цел да му се обезбеди
најдобра заштита на детето.
За поблиско запознавање на чекорите за постапување
при интервенција може да се користи Упатството.
Кој е вклучен во процесот на интервенција?
52
Меѓусекторско постапување во превенција
од насилство, заштита и третман на деца
со предизвици поврзани со насилство
Заштитата на децата од насилство, злоупотреба и
занемарување е сложен, комплексен, но истовремено и
единствен процес. Тој може да биде успешен само со
координирана меѓусекторска соработка на сите
релевантни сектори и институции. Во овој процес клучна
улога играат: центрите за социјална работа, полицијата,
јавното обвинителство, здравствениот систем,
образовниот систем и граѓанскиот сектор. Во
превентивните активности се вклучува и општината.
Проблемот со насилството врз дете е колективен, затоа и
третманот потребно е да биде колективен кога не се
успеало тоа да се превенира, препознае и запре.
Постапките на меѓусекторските тимови во случаи на деца
жртви на насилство се спроведуваат согласно законските
и подзаконски акти и Протоколот за постапување на
меѓусекторкиот тим за заштита на деца жртви на
злоупотреба, занемарување и насилство. Соработката при
постапување во случаите има за цел да ја олесни
истрагата, да се одбегне секундарната виктимизација на
децата преку минимизирање на дополнителната траума и
обезбедување можности за прибирање докази во средина
која е безбедна за нив. Воедно, важно е секторите да се
здружат и да се обезбеди координација при собирање и
размена на информации и развивање на планови за
заштита и грижа за детето.
Училиштата се важен ресурс во превенција од насилство
врз деца, како и во процесот на препознавање и
пријавување на случаите на насилство, злоупотреба и
занемарување на деца. Располагаат со солиден
наставнички кадар и стручни соработници кои се
едуцирани, компетентни и сензибилизирани да работат со
деца жртви на различни видови насилство.
53
ДОПОЛНИТЕЛНИ НАЧИНИ НА
ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО
Други креативни и иновативни пристапи за
превенција од насилство и заштита на
учениците: формирање клубови за деца со
широк избор на програми со забавно-
едукативни содржини; превентивни програми
за кибер насилство; превентивни програми за
врсничко насилство; врсничка медијација;
превентивни програми за насилство во
адолесцентни врски; тренинг за развивање на
социјални вештини на деца со нарушено
поведение; семејна терапија со вклучување на
цело семејство; тренинг за контрола на гнев;
користење на линијата на Меѓаши Ало
Бушавко - 070390632; развивање ресурси и
информации за дополнителна поддршка на
родителите.
54
Користена литература
Гашич – Павишич, С. (2004), Мере и програми за
превенцију насиља у школи, Зборник института за
педагошка истраживања, 168-187.
Заедничкиот протокол за постапување во случаи на
злоупотреба и занемарување на деца
https://www.mtsp.gov.mk/dokumenti.nspx
Закон за социјална заштита (Сл.весник на РСМ, бр.
104/19) https://www.mtsp.gov.mk/zakoni.nspx
Закон за заштита на децата (консолидиран текст 2022
год.) www.mtsp.gov.mk/zakoni.nspx
Закон за основно образование (Сл. весник на РСМ
бр.161/19 и 229/20)
https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20os
novnoto%20obrazovanie%20%20nov_1.pdf
Закон за средното образование, консолидиран текст
(Сл. весник на РСМ бр. 229/2020)
https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20sr
ednoto%20obrazovanie.pdf
Конвенцијата за правата на децата,
http://www.childrensembassy.org.mk
Национална стратегија (2020-2025) и Акциски план
(2020-2022) за превенција и заштита на децата од
насилство https://www.mtsp.gov.mk/dokumenti.nspx
Петровска, Н., (2016) „Детско престапништво:
Превенција и превентивни програми Скопје,
Графостил.
Петровска, Н., Богатинова,Т. ,Мишевска,С. (2017)
„Прирачник за позитивно родителство –Фер родител
фер дете„ Скопје, UNICEF
(https://www.unicef.org/northmacedonia/sites/unicef.org.
northmacedonia/files/2019-
01/MK_CP_FairParentFairChildGuidebook_MK.pdf)
55
Петровска, Н., Богатинова,Т., Мишевска,С. (2017)
Програма за позитивно родителство – Фер родител
фер дете, Скопје, UNICEF
https://www.unicef.org/northmacedonia/sites/unicef.org.
northmacedonia/files/2019-
01/MK_CP_FairParentFairChildProgramme_MK.pdf
Петровска,Н., Лажетиќ Г., Нанев Л. (2020). Алатка за
безбедност и заштита на децата од насилство во
дигиталниот свет“, Скопје, ОБСЕ (ISBN978-608-66233-1-
9)-(https://www.sppmd.mk/wp-
content/uploads/2021/01/Alatka-za-bezbednost-i-zashtita-
na-decata-MK.pdf)
Протоколот за постапување на меѓусекторскиот тим
за заштита на деца жртви на злоупотреба,
занемарување и насилство.
https://www.mtsp.gov.mk/content/word/%D1%81%D0%BE
%D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B0/protok
ol_zastita_deca.doc
Протокол за постапување во процесот на превенција и
заштита на децата од злоупотреба и занемарување
https://www.mtsp.gov.mk/dokumenti.nspx
Упатство за пријавување и заштита на ученикот жртва
на која било од формите на насилство, злоупотреба и
занемарување
https://www.mtsp.gov.mk/content/word/dokumenti/doku
menti%202018/Protokol%20za%20postapuvanje%20vo%20
slucai%20na%20zloupotreba%20i%20zanemaruvanje%20n
a%20deca.doc
Popović-Ćitić, B & Ţunić-Pavlović, V. (2005), Prevencija
prestupništva djece i omladine, Beograd: Ministarstvo
prosvjete i sporta Republike Srbije
В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА
Проектот „Промоција на безбедна училишна средина" го
спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во
партнерство со Прва детска амбасада Меѓаши / First
Children's Embassy Megjashi, SmartUp - Social Innovation Lab и
МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование /
МСЕС, а со поддршка на Детската фондација Песталоци/
Kinderdorf Pestalozzi.
В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

More Related Content

PDF
Водич за одговорно родителство „Моќта на родителите“
PDF
Водич за родители „Моќта на родителите“
PPT
Vidovi nasilstvo, spravuvanje so nasilstvo vo ucilistata ppt.ppt
PDF
📣ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДВЕ СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИРАЧНИК ЗА УЛОГАТА Н...
PDF
📣Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува ПОВ...
PPT
Roditelska noemvri 2014
PPT
Postavuvanje granici
PDF
Брошура Култура за мир
Водич за одговорно родителство „Моќта на родителите“
Водич за родители „Моќта на родителите“
Vidovi nasilstvo, spravuvanje so nasilstvo vo ucilistata ppt.ppt
📣ПОВИК ЗА АНГАЖМАН НА ДВЕ СТРУЧНИ ЛИЦА ЗА ИЗРАБОТКА НА ПРИРАЧНИК ЗА УЛОГАТА Н...
📣Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi објавува ПОВ...
Roditelska noemvri 2014
Postavuvanje granici
Брошура Култура за мир

Similar to В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА (20)

PDF
Брошура Култура за мир
PDF
КУЛТУРА ЗА МИР
PDF
КУЛТУРА ЗА МИР
PPT
Deca so posebni potrebi ц
PDF
АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО ГРАД СКОПЈЕ.pdf
PDF
АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО ГРАД СКОПЈЕ.pdf
DOC
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...
DOCX
НАСОКИ ЗА ВОЗРАСНИТЕ/РОДИТЕЛИТЕ/УЧИЛИШТАТА КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧ...
PDF
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ.pdf
PDF
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ !!!.pdf
PDF
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ
PDF
Rozalija davkova [compatibility mode]
PDF
Национална стратегија за застапување на ПРЕЦЕДЕ мрежата 2016-2026 Партнерство...
PDF
Национална стратегија за застапување на ПРЕЦЕДЕ мрежата 2016-2026 Партнерство...
PDF
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ !.pdf
PDF
Водич за родители наставници и воспитувачи „Тепањето е злоупотреба, а не казна“
PDF
Водич за родители наставници и воспитувачи „Тепањето е злоупотреба, а не казна“
PDF
Водич за деца и родители против телесно казнување на децата "Зошто баш мене?"
PDF
Водич за деца и родители против телесно казнување на децата "Зошто баш мене?"
PDF
ПРЕЦЕДЕ МАНИФЕСТ за мали деца
Брошура Култура за мир
КУЛТУРА ЗА МИР
КУЛТУРА ЗА МИР
Deca so posebni potrebi ц
АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО ГРАД СКОПЈЕ.pdf
АНАЛИЗА НА СПРОВЕДУВАЊЕТО НА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО ВО ГРАД СКОПЈЕ.pdf
Планирање на наставата по - Слободен изборен предмет - Игри за разрешување ко...
НАСОКИ ЗА ВОЗРАСНИТЕ/РОДИТЕЛИТЕ/УЧИЛИШТАТА КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧ...
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ.pdf
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ !!!.pdf
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ
Rozalija davkova [compatibility mode]
Национална стратегија за застапување на ПРЕЦЕДЕ мрежата 2016-2026 Партнерство...
Национална стратегија за застапување на ПРЕЦЕДЕ мрежата 2016-2026 Партнерство...
КАКО ДА СЕ РАЗГОВАРА СО ДЕЦАТА, УЧЕНИЦИТЕ !.pdf
Водич за родители наставници и воспитувачи „Тепањето е злоупотреба, а не казна“
Водич за родители наставници и воспитувачи „Тепањето е злоупотреба, а не казна“
Водич за деца и родители против телесно казнување на децата "Зошто баш мене?"
Водич за деца и родители против телесно казнување на децата "Зошто баш мене?"
ПРЕЦЕДЕ МАНИФЕСТ за мали деца
Ad

More from Детска Амбасада Меѓаши (20)

PDF
Modules for Peace Education in Secondary Education.pdf
PDF
Модули за мировно образование во средното образование 2024 издание на 7 јазици.
PDF
АЛО БУШАВКО ФИНАЛЕН Годишен извештај 2023
PDF
Place to Grow Newsletter- No.4
PDF
Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децата
PDF
Vullnetarët gjithmonë kanë qenë dhe janë pjesë shumë e rëndësishme e punës së...
PDF
ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ РАКОВОДИТЕЛ/КА НА ПРОЕКТИ
PDF
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
PDF
Оглас за ангажирање асистент/ка
PDF
Оглас за ангажирање асистент/ка
PDF
Оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка
PDF
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
PDF
ВТОР ПРОДОЛЖЕН РОК за TOR - преведувач(к)и македонско-англиски и англиски-мак...
PDF
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
PDF
ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ „Предизвик е да се биде лидер на ова големо светско движење!“...
PDF
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
PDF
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...
PDF
Годишен извештај АлоБушавко 2022.pdf
PDF
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
PDF
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...
Modules for Peace Education in Secondary Education.pdf
Модули за мировно образование во средното образование 2024 издание на 7 јазици.
АЛО БУШАВКО ФИНАЛЕН Годишен извештај 2023
Place to Grow Newsletter- No.4
Драги Змијанац – Застапник и бранител на правата на децата
Vullnetarët gjithmonë kanë qenë dhe janë pjesë shumë e rëndësishme e punës së...
ОГЛАС ЗА АНГАЖИРАЊЕ РАКОВОДИТЕЛ/КА НА ПРОЕКТИ
МОНОГРАФИЈА 30 ГОДИНИ ПРВА ДЕТСКА АМБАСАДА ВО СВЕТОТ МЕЃАШИ 1992-2022.pdf
Оглас за ангажирање асистент/ка
Оглас за ангажирање асистент/ка
Оглас за ангажирање комуникациски асистент/ка
ПОЛУГОДИШЕН ИЗВЕШТАЈ ЗА РАБОТАТА НА АЛОБУШАВКО - ТЕЛЕФОНОТ ЗА ДЕЦА И МЛАДИ НА...
ВТОР ПРОДОЛЖЕН РОК за TOR - преведувач(к)и македонско-англиски и англиски-мак...
ПОВИК ЗА АНГАЖИРАЊЕ ДВАЈЦА/ДВЕ ОБУЧУВАЧ(К)И ЗА ПРАВАТА НА ДЕТЕТО
ДРАГИ ЗМИЈАНАЦ „Предизвик е да се биде лидер на ова големо светско движење!“...
DRAGI ZMIJANAC “It is a challenge to be the leader of this great global movem...
DRAGI ZMIJANAC: “It is a challenge to be the leader of this great global move...
Годишен извештај АлоБушавко 2022.pdf
Годишен описен извештај на Детската амбасада Меѓаши за 2022 година.pdf
МЕЃАШИ објавува оглас за ангажирање кординатор/ка на проект поддржан во рамки...
Ad

В О Д И Ч ЗА УЛОГАТА НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ПРЕВЕНЦИЈА И СПРАВУВАЊЕ СО НАСИЛСТВО ВО УЧИЛИШТАТА

  • 3. Водич: Улогата на родителите во превенција и справување со насилство во училиштата Наслов: Издавач: Прва детска амбасада во светот - „Меѓаши“, ул. Коста Новаковиќ бр. 22А, 1000, Скопје Телефон: +3892 2465316 e- mail: info@childrensembassy.org.mk Лектура: Марина Геческа – Василевска Дизајн: Делфина Саздовска Невена Петровска Софија Георгиевска Авторки: Дамјан Николовски Жарко Змијанац Уредници: Клементина Добревска Место: Скопје Година на издавање: 2024
  • 5. Содржина Вовед Значење и функција на советот на родители и активно учество на родителите во градење безбедна училишна средина Улогата на родителот во градење безбедна училишна средина за децата преку примена на позитивни родителски вештини Инклузивен пристап кон родителството Механизми и мерки за превенција од насилство 2 2 8 8 15 15 37 37 40 40 Улогата на стручните служби во превенција и заштита на децата од насилство 47 47 Дополнителни начини на превенција и заштита од насилство 53 53
  • 7. Општи поими и терминологија За целите на Водичот договорени се следните дефиниции: Дете ‒ секое човечко битие на возраст под осумнаесет години. (чл. 1 од КПД). Се користи терминот дете и се однесува на ученик во училиште. Под родител се подразбира и старател/згрижувач – лице кое се грижи за дете/деца и има одговорност за нивната добросостојба и развој. Родителство ‒ процес со кој родителот/старателот/ згрижувачот ја исполнува својата улога во грижата за детето. Позитивно родителство ‒ процес кога родителот/ старателот/згрижувачот постапува тргнувајќи од интересите на детето, ненасилно се однесува кон детето, ги признава и ги почитува неговите права, го насочува, му покажуваљубов, но и поставува граници со цел овозможување негов целосен развој. Родителска поддршка ‒ секоја активност наменета за поддршка на родител/старател/згрижувач во исполнување на потребите на нивните деца, вклучувајќи практична, образовна и емоционална поддршка. Училиште – директор, стручна служба/стручни соработници (педагог, психолог, социјален работник, специјален едукатор и рехабилитатор), одделенски и предметни наставници, помошници во наставата. Заштитна мрежа ‒ систем или сет на мерки и активности кои се преземаат за целосна превенција и заштита на децата од разни форми на насилство. Заштитната мрежа се создава преку холистички пристап, што значи дека се зема предвид целиот контекст на животот на детето, вклучувајќи го не само образованието, туку и неговите семејни, социјални и здравствени аспекти. 1
  • 8. Вовед Секое дете има право да живее без насилство, експлоатација и злоупотреба. Затоа и во нашата држава во прв план е заштитата на децата која е гарантирана со Конвенцијата за правата на детето, која ги обврзува државите потписнички да ги преземат сите соодветни законoдaвни, административни, социјални и образовни мерки за заштита на децата од сите форми на насилство. Детската добросостојба и нивната безбедност се од најголема важност за сите, односно за родителите, училиштето, заедницата. Сепак, сè уште имаме ранливи деца, деца кои доживеале трауми и имаат негативни детски искуства заради доживеана одредена форма на насилство. Современото семејството доживува длабоки промени во својата структура, функционирање и динамика, се соочува со кризи на повеќе нивоа како што се сиромаштија, дискриминација, насилство, социјална исклученост, разводи. Но, и покрај сè, децата сè уште се исти и бараат многу љубов, грижа и внимание од родителите. Во светот во кој растат децата, покрај семејството, и училиштето треба да биде безбедно и поддржувачко место каде секое дете може да се развива и учи во стимулативно и безбедно опкружување. Но, за жал, реалноста ја става заедницата пред предизвикот поврзан со превенција и справување со насилство во училиштата. Децата поминуваат по 6 до 8 часа дневно во училиште или над 200 ‒ 250 денови во годината. Времето поминато на училиште е долго, а учењето и животното искуство кое се стекнува на училиште е едно од највредните. „Образованието е најмоќното оружје кое можеш да го користиш за да го промениш светот.“ ‒ Нелсон Мандела 2
  • 9. Училиштето станува центар на детскиот свет, тоа е место каде што учат, другаруваат, се вљубуваат, комуницираат и затоа квалитетот и безбедноста на училишниот живот е суштински за нивниот развој. Но, како и семејството, така и училиштето може да станат непријатна средина за растење доколку детето е жртва на насилство. Доколку училишното опкружување е насилно, може да има последици врз децата, како што е отсуство од настава, намален училиштен успех, отсуство на мотивација за учество, чувство на несигурност, страв... Затоа заштитата и безбедноста на децата е императив на денешнината и потребно е сите засегнати страни да обезбедат негувачки, заштитни и безбедни средини каде што децата растат и се развиваат. Тоа ќе се постигне преку: Развивање и подигнување на свесноста и нивото на знаење на децата, родителите, наставниците и другите вработени во училиштето за насилството врз деца и последиците од насилството, со посебен акцент на врсничкото насилство; Разбирање на потребата од превенција и заштита на децата од насилство и холистички пристап во организирање на овој процес преку градење заштитна мрежа во училиштето; Знаење и информираност за законските надлежности на училиштето за да се операционализира заштитната мрежа; Градење на тријадата помеѓу стручниот тим, родителите и децата е есенцијален аспект на холистичкиот пристап за изградба на заштитна мрежа во училиштето. Ова ќе се постигне преку развивање свесност и знаење за насилството врз децата, подигнување на информираноста за законските надлежности и активно вклучување на родителите, учениците и другите учесници во процесот на заштита на децата, со посебен фокус на врсничкото насилство; 3
  • 10. Информираност за законските надлежности на другите сектори заради успешна и ефикасна меѓусекторска соработка за постапување во заштита на децата; Мандат на советите на родителите, детскиот парламент и други ученички тела со јасност во нивната улога во спроведување на надлежностите и застапување на детските права. На тој начин ќе се пристапи кон организирано влијание за менување на ставовите, рано препознавање и спречување, негување позитивна атмосфера во училницата и јасен одговор на прекршувањето на поставените граници, кои заедно ги одредуваат родителите, наставниците и децата. Во училиштата ќе се развива заштитна мрежа која обезбедува помош и поддршка за сите деца, на децата жртви, децата сведоци и оние кои вршат насилство, а воедно да се негува културата на ненасилство и промовира атмосфера на безбедна средина за секое дете. Траумата и последиците од негативните детски искуства е нешто што нема цена, не може да се измери и спореди. Затоа најголемите материјални, човечки, емотивни вложувања, треба да бидат за децата, во нивниот интерес, заштита и за нивната добросостојба. Водичот се води од принципот на најдобриот интерес на детето, а се темели врз основните постулати на Конвенцијата за правата на детето, Законот за заштита на децата, Законот за основно образование, Упатство за пријавување и заштита на ученикот жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување и Законот за средно образование, Национална стратегија (2020-2025) и Акциски план (2020-2022) за превенција и заштита на децата од насилство, Протоколот за постапување на меѓусекторкиот тим за заштита на деца жртви на злоупотреба, занемарување и насилство и Протокол за постапување во процесот на превенција и заштита на децата од злоупотреба и занемарување. 4
  • 11. Овој Водич е наменет пред сѐ за родителите и стручните служби во училиштата и може да биде практична алатка за запознавање со механизмите во училиштата и улогата на родителите од страна на наставниците и децата. Водичот е практична алатка со насоки за превенција од насилството и заштита на децата со цел градење на безбедна училишна средина за секое дете и тоа преку зајакнување на улогата на родителот и стручните служби. Преку обединување на знаењето и ангажманот на родителот и со поддршка од стручните служби и училишниот персонал, може да се креира училишно опкружување каде што насилството не е толерирано, а учењето и развивањето на децата е во прв план. Ви благодариме што сте дел од оваа идеја за градење безбедна училишна заедница. Со заеднички напор може да го промениме светот во кој нашите деца растат и учат. За кого е наменет овој Водич? 5
  • 12. Водичот може да се користи при планирање на превенција од насилство врз децата во училиштата, во сите ситуации на насилство, сомнеж за насилство, во изготвување и унапредување на статут на училиштето, интерни акти, градење политика за заштита на децата, годишна програма за работа и развојна програма на училиштето, подготовка на теми на кои ќе работи советот на родители, ученичкиот парламент за спроведување на континуирана обука за вработените, изготвување работилници и активности со децата на оваа тема и советодавна работа со родители. Во секоја глава на овој Водич се истражуваат различните аспекти на улогата на родителот во превенција и справување со насилство во училиштата. За да се збогати искуството на родителот и стручните служби, во Водичот се дадени совети и цитати од фокусни групи со родители кои беа спроведени со цел да се добие подлабок увид во перцепцијата на родителите, но и линкови од активности кои се наменети за деца и може да се употребуваат. Превенцијата и заштитата на децата од насилство се однесува на сите деца и таа треба да биде универзална, организирана и добро планирана. Но, овој процес продолжува и во случај кога детето е жртва на која било форма на насилство, независно каде насилството се случило и кој е сторителот. Тоа значи дека детето може да е жртва на насилство во домот, во училиштето, училишниот двор, на патот од дома до училиште и обратно, на екскурзија и други места. Детето може да е жртва на насилство од страна на родителот, член на семејството, непознато возрасно лице, од страна на врсник, друго повозрасно дете, од поединци или група сторители, наставник, тренер, друго вработено лице во училиштето. Како се користи овој Водич? 6
  • 13. Она што треба да произлезе од користењето на овој Водич е да се има предвид важноста на следните аспекти: Поттикнување на емпатија и солидарноста помеѓу децата. Децата да се учат дека ако сите се спротивставуваат на насилството, ќе бидат посилни од оние кои сакаат да се наметнат преку насилство. Еден од начините е да се соберат во таканаречен круг на заштита, да ја опкружат жртвата за да ја заштитат и да ѝ помогнат мирно да се соочи со напаѓачот. На овој начин луѓето кои ги бранат и заштитуваат жртвите се оние кои се храбри. Овој пристап има за цел да ја промени и негира општо прифатената идеја дека оние кои се насилни се силни и храбри. Прикажување на насилничкото однесување како непривлечно. Насилниците, сторителите на насилство не се популарни во групата. Употребата на сила, злоупотреба или друго насилно однесување се смета за кукавичко, израз на слабост, а оние кои го осудуваат насилството и се спротивставуваат на насилниците се силни личности и изразуваат храброст. 7
  • 14. Училиштето не е само институција за пренесување знаење, туку и заедница во којашто децата ги развиваат социјалните вештини, формираат свои вредности и го оформуваат својот карактер. Во овој контекст, Советот на родители и активното учество на родителите играат неизмерна улога во градењето безбедна училишна средина. ЗНАЧЕЊЕ И ФУНКЦИЈА НА СОВЕТОТ НА РОДИТЕЛИ И АКТИВНО УЧЕСТВО НА РОДИТЕЛИТЕ ВО ГРАДЕЊЕ БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА СРЕДИНА Значење на Советот на родители: Советот на родители претставува форум на соработка помеѓу родителите, наставниците и управата на училиштето. Ова тело е основано според Законот за основно образование, член 127, со цел да ги обедини гласовите на родителите и да креира платформа за заедничко размислување и донесување одлуки. Значењето на Советот е во тоа што претставува мост помеѓу родителите и училишната заедница, давајќи можност за споделување идеи, предлози и грижи, како и заедничко работење за целите на безбедна и поддржувачка средина. 8
  • 15. •Комуникација и информирање: Советот на родители им овозможува на родителите да бидат информирани за актуелни настани и предизвици во училиштето. Оваа комуникација е двонасочна, давајќи им можност на родителите да споделуваат свои грижи и предлози. •Придонес кон донесување одлуки: Советот игра клучна улога во донесувањето на одлуки што се однесуваат на безбедноста и добросостојбата на децата во училиштето. Родителите, преку Советот имаат можност да учествуваат во формирање и промовирање политики и мерки кои ќе го подобрат училишното искуство. •Поддршка и образование: Советот на родители може да обезбеди образовни ресурси и работилници кои ги поттикнуваат родителите да бидат информирани за предизвиците поврзани со насилство во училиштата и начините за нивно превенирање. Активното учество на родителите во Советот создава простор за изградба на силна училишна заедница, каде што сите членови работат заедно за обезбедување безбедна и инклузивна образовна средина. Функција на Советот на родители 9
  • 16. Покрај законските обврски на Советот на родители, за да се избегне пасивната функција на родителите и до израз да дојде нивната проактивност и вистинска вредност, потребно е Советот да биде прогресивно тело кое ќе биде партнер и соработник на училиштето и ќе работи во остварување на интересите на децата. А, тоа ќе се постигне со следното: родителите да бидат редовни на состаноците, а доколку не можат да дојдат, да го известат заменикот од одделението/класот; во континуитет да соработуваат со родители од одделението/класот и да им пренесуваат информации од состаноците; да ги охрабруваат другите родители од одделението/ класот да разменуваат мислења и идеи за да ги застапуваат интересите на децата на состаноците; сериозно да пристапуваат кон предлогот на програмите и извештаите на училиштето и преку конструктивна расправа да даваат предлози за подобрување, а не само формално мислење за нивно прифаќање; да даваат мислење и да предлагаат мерки за подобрување на наставата и воннаставните активности на сите деца, особено на децата во ризик, децата вклучени во настани поврзани со насилство; да иницираат и спроведуваат активности за подобрување на квалитетот на едуцирањето на нивните деца во училиштето. Како родителите најдобро да ја искористат својата позиција во Советот на родители и да ја подобрат соработката со училиштето? 10
  • 17. Советот на родители ги застапува интересите на децата и може да се случат важни промени токму поради нивното застапување. Неколку практични совети како родителите може да имаат поголема партиципативна улога преку Советот на родители, а во насока на превенција од насилството во училиштата: да помогнат во остварување на комуникацијата помеѓу родителите и наставниците; да учествуваат во дискусии на состаноците со конструктивна критика, да презентираат предизвици што ги засегаат повеќето родители и деца; доверливоста е важен аспект при претставување на индивидуални случаи со почитување на правото на заштита на личните податоци на другите, особено на децата; да се инсистира на унифициран пристап за секое дете, што подразбира следење на постапките за пријавување и заштита на деца жртви согласно Упатството и преземање активности за превенција; иницирање и водење кампања против насилство врз децата; организирање интернет-форум со вклучување на сите родители на тема заштита на децата од насилство со говорници од родителите, децата и наставниците на однапред договорени теми и споделување лични искуства; воспоставување на Училиште за родителство како посебна едукативна програма зазајакнување на родителските капацитети; изработка на годишен акциски план на Советот на родители, во кој ќе се предвидат неколку активности значајни и во интерес на децата за градење безбедна училишна средина, со одредување на цели, активности, извршители, рок и динамика на реализирање; 11
  • 18. формирање хуманитарен центар со вклученост на децата, родителите и наставниците, особено децата кои биле сторители или поттикнувачи на насилство во училиштето, со цел нивно активирање, развивање емпатија, учество; организирање работилници за децата со конкретни теми на пр. справување со стрес и траума, отпор на притисок на врсници, врсничка медијација, позитивни комуникациски вештини, заштита од кибер-насилство, врсничко насилство и сл. 12 Како родителите го гледаат својот потенцијал за подобрување на соработката со училиштето во превенција од насилство? Резултатите од фокус-групите и прашалниците покажуваат дека родителите имаат многу мало влијание во учеството и донесувањето на одлуки за одредени аспекти од училишниот живот. Мнозинството од нив веруваат дека родителите можат да му помогнат на училиштето при организирање различни активности поврзани со превенција од насилство. Советот на родители треба да ги поддржи иницијативите на децата секогаш кога тоа е во нивен интерес, да најде начин да допрат до училиштето, да ја искористи моќта на нивната надлежност. Дел од родителите сметаат дека можат да им помогнат на наставниците во организацијата на часовите и активностите.
  • 19. „Советот на родители може да иницира изработка на постери против насилство во училиште, со интересни илустрации и ликови познати за децата,печатење на стрипови што ги изработиле децата со добри пораки против насилството, децата да добиваат електронски пораки со информации за заштита од насилство на апликациите кои ги користат. Да се организираат квизови колку децата знаат за насилството, театарска претстава од децата и слично“, родител. 13 „Моето дете беше претставник на Црвен крст во училиштето. Беше многу заинтересирана за активностите и беше активна во соработка со другите училишта, посетуваше трибини, предавања, со радост одеше секаде каде што ја поканија. Имаше идеја во нашето училиште да спроведе слични активности. Не наиде на поддршка од училиштето. Одговорите беа дека немале адекватен простор, немале време“, родител. На прашањето: Какво е вашето искуство во развивање програма за побезбедна училишна средина или работа на таков предлог? – сите родители одговориле дека немало ниту иницијатива, ниту такво искуство.
  • 20. „Во училиштата во Белгија (во франкофонската заедница) Советот на родители во училиштето е моќно тело. Постои Федерација на здруженија на родителски совети на официјалното образование (Fédération des Associations de Parents de l’Enseignement Officiel – ASBL) но целта и улогата на ова тело е многу поразлична од училиштата во Македонија. Членовите се доброволци и главната улога е токму борба со насилството во училиштето, но и организација на многу интересни хуманитарни активности во кои родителите се главни ликови. Во Скопје, Советот на родители во училиштето беше огромна машинерија која ширеше немир. Многу расправии, многу изгубени саати, дискусии за кои мислам дека нема потреба. И секогаш, без исклучок, немаше заеднички став по ниту едно прашање. Главните теми секогаш беа дисциплина, училишната кујна, т.е. оброкот што го јадат учениците кој беше задолжителен и секако врсничкото насилство“, родител. 14 „По еден инцидент во близина на училиштето каде мало дете беше сексуално злоупотребено, на иницијатива на Советот на родители во училиштето и со петиција од родителите до Општината беше иницирана активност за почесто патролирање на полицијата низ населбата, а се организираа и родителски патроли“, родител. За споредба го искористивме искуството на родители кои се преселиле во Брисел и децата се вклучени во тој образовен систем.
  • 21. УЛОГАТА НА РОДИТЕЛОТ ВО ГРАДЕЊЕ БЕЗБЕДНА УЧИЛИШНА СРЕДИНА ЗА ДЕЦАТА ПРЕКУ ПРИМЕНА НА ПОЗИТИВНИ РОДИТЕЛСКИ ВЕШТИНИ Градењето безбедна училишна средина не зависи само од образовните институции, туку и од активното учество на родителите. Примената на позитивни родителски вештини е од суштинско значење за креирање на опкружување каде што децата може да растат, да учат и да се развиваат безбедно и поддржувачки. 15 "Како родител, се чувствувам како водач на важна мисија. Во фокус-групата, разменував искуства со други родители и се поттикнувавме едни со други. Од одлуките што ги донесуваме во Советот на родители, до домашните разговори со детето, се обидувам да бидам пример на силна, поддржувачка и емоционално интелигентна личност. Заедно, како родители, ние сме обликувачите на светот во кој нашите деца растат, а еден здрав и безбеден свет е целта што ја следиме заедно“, родител. Промоција на позитивното родителство како концепт за грижа на децата Кој сте вие како родител?
  • 22. Како родител вие сте најважната личност за вашето дете, личност која носи одлуки за него и во негово име. Вие сте најголемиот извор на љубов, грижа, топлина на вашето дете, негов емоционален резервоар. Вие сте пример, модел според кој детето учи како да се однесува, емоционално да се изразува и како да воспоставува социјални контакти. Преку вас детето учи и развива морални вредности, начини на разрешување конфликти и ги развива социјалните вештини. Како родител вие влијаете во сите сфери од животот на вашето дете и вашето семејство, а така индиректно влијаете и врз другите семејства кои ги познавате и врз вашата поширока социјална средина. Вие, родителот сте моќен двигател во општеството. Ако дома го почитувате вашето дете, му покажувате љубов, но и поставувате граници, применувате ненасилна интеракција и комуникација со детето и воедно оставате простор за разговор и изразување ставови, вашето дете ќе се однесува слично и во други средини и во интеракција со други лица. Затоа, неопходно е промените да се случат на индивидуално ниво, со давање личен пример и тие ќе се рефлектираат на други нивоа и во други средини. Така го прекинуваме кругот на насилство и промовираме ненасилно однесување и интеракција помеѓу луѓето, особено помеѓу децата. Однесувањето што детето го следи во семејството му станува природно, тоа е модел кој го прифаќа и применува. Ако детето гледа дека родителот во конфликтна ситуација е насилен, вика, се расправа и го навредува соговорникот или спротивно во исто таква ситуација се повлекува, детето ќе го направи истото на училиште или дома. На индивидуално ниво, родителот е привилегиран актер ‒ тој го учи своето дете за границите на она што е дозволено или недозволено да го прави. Соодветната интеракција со родителот придонесува за позитивен социо-емоционален развој на детето. 16
  • 23. Особено е важно да има сигурна емоционална приврзаност и чувство на припадност во семејство кое ќе биде основа и поттик за безбедно истражување на животната средина и адекватно емоционално поврзување со другите. Детето кое расте во безбедно и поддржувачко семејство, полесно развива позитивна слика за себе, има подобро развиени социјални вештини и емпатија и ќе се развие во автономно и самоуверено дете. 17 Како се станува вешт и ефективен родител? Родителот најдобро го познава своето дете, многу подобро од сите други и потребно е да се води од претходно стекнатите позитивни искуства во комуникацијата со него. Детето се менува со текот на времето, влегува од една во друга развојна фаза и затоа е важно односот родител ‒ дете да биде флексибилен, родителот да покаже разбирање кон промените, а притоа сепак да остане одговорен родител. Што значи тоа? Улогата на одговорно и компетентно родителство, согласно концептот на позтивното родителство подразбира: признавање на детето и неговите права, почитување на неговите развојни потреби, овозможување добра родителска грижа, нега и љубов, ненасилно однесување кон детето, користење позитивни родителски комуникациски и мотивациски вештини во релацијата со детето, насочување на детето со вклучување на родителско водство кое подразбира поставување граници и правила со цел развивање на неговите капацитети до максимум,
  • 24. Ова се основните постулати на позитивното родителство кое е современ концепт којшто нуди повеќе алтернативи и можности наменети за родителот во градење на релацијата со своето дете. Позитивното родителство не подразбира идеален, засекогаш непогрешлив родител, туку родител кој вложува труд и ги надоградува своите вештини. Позитивното родителство е важно за децата, родителите и заедницата. Придобивки од позитивното родителство за децата се: доброто здравје и добросостојба на децата, намалување на насилството врз децата – во домот и надвор од домот; намалување на ризикот од престапничко однесување, форми на насилно однесување и негативен животен стил кај децата; јакнење на отпорноста на децата, особено во случај на стрес, траума и криза; градење на соработливи и среќни деца. Каков воспитен стил покажува родителот е многу важно затоа што тој директно влијае врз детето и ефектите што ги има врз него се рефлектираат преку неговото однесување. Авторитативното родителство се смета за оптимално за развојот на децата, најпосакуван родителски воспитен стил. Овој воспитен стил е во спротивност со други помалку ефективни родителски стилови - авторитарен (ниско ниво на топлина и високо ниво на контрола), попустлив (високо ниво на топлина и ниско ниво на контрола) и индиферентен (ниско ниво на топлина и контрола, незаинтересиран родител). Овие стилови на родителство се поврзани со голем број негативни последици во понатамошниот развој на детето. 18 користење на родителските компетенции во различни животни ситуации на семејното живеење и опкружувањето и секако прифаќање дека родителството се учи.
  • 25. Ефекти врз децата /развивање на особини на децата 19 Презема грижа за детето Ги објаснува одлуките и поттикнува преговарање Комуницира со детето Поставува доследни граници Емотивно топол родител кој ги покажува своите чувства Го почитува детето Никогаш не користи казни Авторитативен родителски стил Среќни деца, автономни со чувството на сигурност Самодоверба, лесно совладуваат предизвици Способни за контрола на емоциите Со развиени социјални вештини Остваруваат и одржуваат пријателства Добро реагираат на авторитетот на возрасниот кога тоа е придружено со објаснување и можност со преговори да дадат свои аргументи Однесување на родителот
  • 26. 20 Не поставува граници Не казнува, нема контрола Дозволува детето да си ги одредува сопствените активности Дава целосна слобода Мали очекувања и барања од детето Попустлив родителски стил Не почитуваат граници, пркос, бунтовност ако не е по негово Слаба контрола на емоциите, лесно се фрустрираат Ниско внимание и тешкотија пред решавање задачи, слаба концентрација Склоност кон девијантно однесување Ефекти врз децата /развивање на особини на децата Однесување на родителот
  • 27. 21 Неспособен да ги сфати потребите на детето за грижа, љубов и внимание Го занемарува детето, го доведува во ризик На детето му наметнува улога на возрасен и такви се очекувањата Индиферентен родителски стил Слабо разбирање на границите Анксиозни или амбивалентни во врските Недоверба во возрасните Ниска самопочит и слаба самодоверба Ефекти врз децата /развивање на особини на децата Однесување на родителот
  • 28. Казнува и спроведува цврста контрола и насилни методи Поставува сопствени стандарди и бара почитување без приговарање Дистанциран и не ги објаснува правилата Емотивно ладен родител 22 Авторитарен родителски стил Несреќни по природа, анксиозни, повлечени, често тажни Слаби реакции на фрустрација Добар успех на училиште заради страв од реакција на родителите Тешко воспоставуваат и одржуваат пријателства Бунтовни кога ќе станат адолесценти, склони кон девијантно однесување, зависности Ефекти врз децата /развивање на особини на децата Однесување на родителот
  • 29. Сите семејства различно се справуваат со тешките услови и состојби во кои се наоѓаат. Некои семејства се помалку отпорни на стрес и многу тешко се помируваат или справуваат со живот во посебни услови. Како тие ќе се справат со тешкотиите што ги носат посебните животни услови, зависи од специфичните карактеристики на личноста/поединецот, поддршката и разбирањето од семејството и поддршката од општествената средина. Но, сепак, и во такви услови потребно е родителот да преземе одговорност и да работи на планот на позитивно родителство и одржување добри релации помеѓу членовите во семејството. Што најмногу помага во таков случај, родителите можат да прочитаат и во: Програма за позитивно родителство – Фер родител, фер дете. 23 Унапредување на комуникациските вештини на родителот со детето Целокупната интеракција на родителот со детето е одредена форма на комуникација. Од раѓање родителот постојано е во комуникација со своето дете, но на различни начини соодветно на возраста и развојот на детето, од висината и бојата на гласот, изразот на лицето, говорот на телото до изговорените зборови. На тој начин родителот му испраќа на детето пораки, чувства, му ги пренесува своите мисли, а со тоа му покажува љубов, почитување, емпатија и грижа, но може да му испрати и спротивна, негативна порака. Позитивната комуникација со детето го намалува отпорот, стравот и дистанцата и предизвикува желба и мотив да соработува со родителот. Начинот на кој родителот комуницира со детето станува модел според кој учи да комуницира со другите луѓе. Преку ненасилна комуникација, родителот го учи детето како да ги решава предизвиците со своите врсници, да покаже почит и емпатија кон другиот, но и кон себе.
  • 30. Родителот може да користи и насилна комуникација со детето, односно да го удира, штипе, влече, вербално да го навредува, да му ги оштетува играчките, книгите, да го игнорира, потценува и уште многу други начини на занемарување и злоупотреба. Детето учејќи од родителот може да се изрази не само со зборови, туку и преку своето однесување, низ игра, цртање, моделирање, музика, пеење, танцување, пишување, но и преку удирање, навредување, потценување на другите. Улогата и големината на родителот во создавање на заштитна, ненасилна и безбедна средина за детето е доколку детето го учи на позитивна комуникација и интеракција со другите деца и возрасни и така индиректно влијае врз големата слика на безбедно училиште. Интеракцијата меѓу родителот и детето е комбинација од вербална и невербална комуникација, намерна и ненамерна. Но, за успешна и позитивна комуникација на родителот со детето, многу важни се и комуникациските вештини кои може да се учат и да се користат во различни развојни фази од животот на децата. 24 Активно слушање Важно е родителот да го слуша детето кога зборува, бидејќи на тој начин ќе го научи да размислува. Може заинтересирано да поставува прашања и тоа: Што...? Како...? Зошто...? и да има доволно време за да слушне и дознае што детето мисли и чувствува. Со тоа покажува колку детето му е важно.
  • 31. 25 Ветување Родителот да не дава ветувања ако не може да ги исполни или претходно не е договорен со партнерот. Само кога е сигурен и подготвен да ја реализира активноста, родителот може да ја соопшти. Корисни зборови Забележав, согледав, видов, воочив, наместо: не си ги наместил/а книгите, ништо не учиш, повторно си ги скинал/а пантолоните... Критика на однесувањето, а не на личноста на детето Критиката може да се степенува, во зависност од возраста на детето и од поводот за критика, односно коментар. Се критикува конкретно однесувањето, но не и неговата личност. Критиката е поприфатлива ако е кажана како коментар.
  • 32. 26 Користење зборови кои означуваат чувства Потребно е родителот да биде водич со емпатија, да покаже сочувство кон детето и неговите чувства, да ги изразува своите чувства со зборови и да му помогне да ги вербализира чувствата кои минуваат низ него. Секое чувство има име. Користење на хумор и шега Како растат децата и родителството станува посериозно. Во ситуации за надминување на тензијата помеѓу детето и родителот, препорачливо е да се користи хумор кој зближува. Повратно слушање Родителот може да му покаже на детето дека го слуша ако се однесува како „огледало“, и ќе реагира повратно на тоа што го слушнал. Задача на родителот е да му го повтори на детето тоа што го слушнал од него, со други зборови, но содржината да остане иста.
  • 33. 27 Јасно и разбирливо зборување Родителот да зборува на јазик разбирлив за детето и соодветен за неговата возраст. Потребно е да биде јасен и многу конкретен, да не користи навредливи зборови и при разговорот да му покаже на детето дека го почитува и сака. НЕ за условување и казнување Тоа е манипулација со детето, родителот постигнува брза, но краткотрајна контрола врз детето, но не овозможува поставување граници и контрола на долги патеки, што ја намалува можноста за соработливост со детето и можност и самото дете да ја развие таа вештина. Посветете време за разговор со детето и објаснете му ги причините кои стојат зад одредени правила. Истакнете го значењето на соработката и развивањето на неговата способност за самоконтрола, поддржувајќи го во процесот на учење и развој. Унапредување на мотивациските вештини на родителот Се препорачуваат одредени насоки за родителот кои ги унапредуваат неговите мотивациски вештини кои може да се користат во интеракција со детето, со цел тоа да биде соработливо, а воедно и да ги развива сопствените социјални и комуникациски вештини кои ќе бидат ненасилни, кооперативни и емпатични.
  • 34. Тоа е еден од начините детето да научи од родителот да ги почитува различностите, да не дискриминира, да прифаќа правила, граници и правилно да се однесува во училиштето, да ја контролира својата лутина и бес, да не биде импулсивно и насилно, да преговара со аргументи, да почитува туѓо мислење, но да го аргументира и да се бори за сопственото, да има изградено морални вредности и да прави разлика помеѓу прифатливо и неприфатливо однесување, да каже НЕ за насилството, да ги цени пофалбите, охрабрувањето, но да знае да мотивира друг со убави и пофални зборови. Детето мора да се учи да се потпре на сопствените сили и со возраста да се осамостојува и родителската презаштитничка улога да прерасне во доверба дека детето може само да се грижи за себе и да се справи со светот кој секогаш не е пријателско место. Подетално за ова родителите може да прочитаат во Прирачник за позитивно родителство – Фер родител, фер дете. 28 Која е улогата на родителот кога ќе се случи насилство во училиште? Секое дете може да биде дел од насилен настан во или надвор од училиштето, како жртва, поттикнувач/сторител или набљудувач. Во некои сложени ситуации тешко е да се одреди кое дете во која позиција се наоѓа, особено кога станува збор за група на деца. Но, важна е неговата реакција и како ќе се справи со настанатата ситуација. Насилството може да е еднократно или да се повторува. Децата не знаат секогаш адекватно да изреагираат, бидејќи немаат животно искуство, зрелост, подготвеност да го решат конфликтот. Во секој случај на детето му е потребна поддршка, а реакцијата на родителот и училиштето се задолжителни. Тоа е единствениот начин да се намали насилството и да се создаде безбедна и поддржувачка средина во училиштата.
  • 35. - Како родител на дете жртва на насилство од други деца во училиште, потребно е итно да го пријавите настанот во училиште, согласно Протоколот. Доколку злоупотребата е направена од страна на лица надвор од училиштето или од страна на возрасно лице/лица, веднаш пријавете во полиција. Немојте сами да преземате активности за расчистување на случајот, да се јавувате кај други родители или деца или да организирате средби. Случајот на насилство секогаш го води училиштето или други установи, ако станува збор за сложен случај на насилство. - Доколку станува збор за помал инцидент во училиште, но детето е вознемирено и забележувате некои знаци кои се реакција на настанот, обратете се на контакт-лицето во училиштето задолжено за насилство. На тој начин помогнете да се разрешат конфликтите на почеток и додека се мали. Конфликтите понекогаш можат да прераснат во посложени насилни ситуации. Во тој случај поттикнете го детето да го примени тоа што претходно го научило за постапување во слични ситуации. - Следете ги процедурите и предлозите од училиштето или друга институција и соработувајте со нив. Покажете проактивност и залагајте се да се работи на случајот. - Бидете му поддршка и утеха на детето. Може да разговарате ако детето е подготвено или само да седите до него, да го гушнете или да правите нешто што му одговара во тој случај. - Кажете му дека не е виновно за ситуацијата во која се нашло. - Активно слушајте го детето и покажете му сочувство и емпатија. Ако сака да зборува, не го прекинувајте, но и не покажувајте гнев кон сторителите затоа што со вашите емоции ќе го спречите да биде искрено. 1. Ако вашето дете било жртва на насилство, може да примените некои од советите кои би му помогнале: 29
  • 36. - Ако има простор, може да го прашате како се чувствува и како се справува со доживеаното. - По одредена временска дистанца од насилниот настан може да му помогнете да вежба кога е во слична ситуација како да му се обрати на насилникот, како на пр. со користење на следните изрази: „Остави ме!, Стоп!, Досаден си!, Тргни се од мене!“ и да си замине. Но, тоа може да остане на вежбање. Не бидете сигурни дека би го применило во реалноста. Не го осудувајте за тоа. - Истражете заеднички што довело до насилство и помогнете му со совети како да биде секогаш во близина на возрасни и деца или да ги избегнува местата каде би било во контакт со насилното дете, разгледајте го патот до дома и каде би можело да побара помош, научете го да пријави кај најблиското возрасно лице во училиштето и која е разликата од пријавување до тужење. Целта на тужење е да се доведе некого во неволја, а пријавувањето е да се спречи неволја. - Разговарајте со вашето дете за насилство и злоупотреба. Помогнете му да ја разбере суштината на насилството, воопшто на ваквите појави во општеството. Користете примери, филм, книга, секојдневен настан за кој информираат медиумите. - Не помага да му кажете на детето дека тоа е проблем на другото дете кое злоставува и е насилно и дека нешто не е во ред со тоа дете. - Не помага да го убедувате дека светот е таков, дека секогаш ќе има такви луѓе и дека мора да научи да се справува со тоа (тоа е вистина, но во овој момент не помага). 30 Што не помага во овие ситуации?
  • 37. - Не му кажувајте дека не треба ова да го зема при срце, да заборави, дека мора да зајакне. Детето ќе ги разбере овие пораки како: „молчи и страдај“, а не како поддршка во изнаоѓањето начин да се справи со тоа. Ваквиот совет особено не е ефикасен кога станува збор за дете жртва злоупотребено од група деца. - Не му кажувајте да возврати, зашто обично децата кои злоставуваат се посилни, но и затоа што со ваков совет ги прекршувате вредностите и правилата за кои се залагате. - Не помага и презаштитничко однесување на родителот, како што е „не грижи се, јас ќе се грижам за тебе, не мора да одиш на училиште, јас ќе одам во училиште и ќе ги средам“. 31 „Во моментот кога дознав дека моето дете станало жртва на насилство, чувствував сочувство, тага и безизлезност. Но, истовремено, се појави и потреба за акција. Како родители, го оставаме стравот и работиме со неверојатна решеност да го заштитиме нашето дете. Ова искуство ме научи дека родителството не е само заради радоста, туку и заради предизвиците и борбата за безбедност и добробит на нашите деца. Нека секој родител знае дека не е сам и дека можеме заедно да ги менуваме стравовите само со јака поддршка“, родител.
  • 38. - Колку и да е тешко за вас како родител, пријавете го настанот во училиште и следете ги процедурите и предлозите од нив, соработувајте и не влегувајте во дискусија со други родители, освен ако тоа не е водено од претставник од училиштето. Фокусирајте се на однесувањето што треба да се промени, за добросостојба на вашето дете, но и на сите други деца во училиштето. Воздржете се од искушението да негирате, да го браните или оправдувате вашето дете. 32 „Родителскиот совет во училиштата во Брисел работи пред сè на превенцијата и свесноста за насилство. Знам за еден пример, при расправија меѓу група девојчиња, се случила вербална злоупотреба спрема едно девојче. Веднаш е реагирано кај наставничката на одделението која понатаму ги презеде сите чекори за да се смири ситуацијата. Родителите беа повикани безброј пати на состаноци со стручната служба. Тоа беше еден долг процес на кој се работеше 6 месеци. Но, децата продолжија да учат во истото одделение дури и станаа другарки во последната година пред да одат во гимназија. Тоа е успех за целиот тим кој беше засегнат со проблемот, децата, родителите, стручниот тим, но беше многу важен и угледот на училиштето“, родител. 2. Ако вашето дете било сторител или поттикнувач на насилство, може да примените некои од советите кои би му помогнале:
  • 39. Наместо тоа, многу подобро е мирно и со емпатија да изразите загриженост за детето кое настрадало. Сфатете го проблемот сериозно, не дозволувајте да го негирате или да ја минимизирате сериозноста на ситуацијата. Тоа е за доброто на вашето дете. - Внимателно слушајте го вашето дете и фокусирајте се на добивање на факти, а не на негови толкувања на зборовите на другите. Разговарајте со детето, слушнете ја неговата страна на настанот и зошто тоа го сторило, што го поттикнало, дали било со други деца или само. Некогаш децата тоа го прават за да се прифатени од групата, за да бидат лидери, од забава, да се осветат за друг, не размислуваат за последиците или дека настанот ќе добие такви димензии, поради импулсивно реагирање на навреда, но понекогаш тоа го прават за да бидат видени и чуени, особено ако и самите се жртви на насилство. Можеби детето нема изградено добри социјални вештини, не може да оствари близина, емпатија и доверба во другите. Причината зошто го направило тоа е важна и за вас како родител, но и за училиштето, бидејќи полесно и попрецизно ќе го поддржат развојот на вештините кои му недостигаат или ќе му дадат друга здравствена помош и поддршка нему и вам. - Размислете зошто детето се однесува на тој начин, дали нешто сте пропуштиле во однесувањето на детето, некој знак кој не сте го препознале, дали има причини во семејството, болест на некој член, агресивно однесување, зависност, преголема попустливост или строгост кон детето, дали некого имитира или и самото дете е жртва или има други трауми. Идентификувајте, но не се обвинувајте и не ја преземајте неговата вина врз себе. - Размислете кој настан или личност му влијаел, дали детето се чувствува понижено и обесправено од некој дома, во училиште, на тренинг или на друго место, па затоа тоа сака да ги повреди другите. 33
  • 40. - Без разлика на причините, вие како родител треба да бидете јасни и да го изразите своето неодобрување и да побарате веднаш да престане со тоа однесување. Ставете му до знаење дека мора да преземе одговорност за своето однесување и последиците кои произлегуваат од неговото однесување. Не се заканувајте, не го казнувајте, не му викајте или удирате, може да му одземете некоја привилегија и бидете доследни во тоа. Очекувајте какви мерки ќе преземе училиштето и вклучете се активно во нивно реализирање, поттикнете го и вашето дете. Често разговарајте за сериозноста на насилството, воопшто, давајте други примери, јасно изразувајте го вашиот став и вредностите за кои се залагате. Запознајте ги неговите другари, разговарајте со нив и ако е потребно, ограничете го времето што го поминува со нив за да го намалите нивното влијание. - Не очекувајте дека детето веднаш и целосно ќе го промени своето однесување, може уште ќе ги тестира вашите граници и границите на училиштето. На подолг рок треба помош и поддршка, промена во верувањата, поттик на емпатичност, сочувство, развивање на блискост, контрола на импулсивноста и гневот, прифаќање на граници и правила. - Поминувајте повеќе време со вашето дете правејќи работи во кои уживате и вие и детето, вклучете го во заеднички семејни активности, правете договори, воспоставете граници и правила, но со многу љубов и емпатија, пофалете го за позитивните промени, вклучете го во преговарање за неговите потреби и желби, не прифаќајте манипулација, притисоци и уцени, бидете доследни. - Не очекувајте промената да дојде само од страна на вашето дете. Промената мора да дојде и од вас и другиот родител или членови на семејството. Прифатете стручна помош, поддршка, па и да е на подолг рок. Бидете доследни и упорни во тоа. Секогаш се исплаќа да се вложуваме за децата. 34
  • 41. 35 Важно е родителите, наставниците и стручните тимови да соработуваат, да бидат партнери на индивидуално ниво, но и колективно, заради унифицирано постапување за сите деца и градењебезбедна средина за децата. „Кога се соочив со реалноста дека моето дете станало насилник, се чувствував разочаран, но и одговорен. Заедно со моето дете работевме на разбирање на корените на неговото постапување и креирање на простор за воспитување и промена. Секој родител има одговорност да работи за подобрување на културата на насилство и да ја менува причината за постапувањето“, родител. Која е улогата на родителот кога ќе се случи насилство во училиште? Покрај учеството во Советот на родители и преземање акција за создавање позитивна и ненасилна клима во училиштето, родители поединци може да предлагаат активности до Советот и да се вклучат со свои иницијативи и проактивности.
  • 42. 36 Родители кои заради природата на својата професија (педагози, социјални работници, психолози, доктори, музичари, уметници, спортисти и др.), а како чин на добра волја сакаат да придонесат во градење на ненасилна атмосфера во училиштето со свои активности. Родители кои можат да помогнат за поголема соработка на единицата на локална самоуправа и училиштето, на пример, отворање на спортски клубови, активирање на локално радио каде децата ќе имаат своја програма, формирање на општински совети, советувалишта, изработка на пораки против насилство и истакнување на видливи места во општината, соседска поддршка и формирање на други ресурси кои ќе помогнат кон создавање на ненасилна средина за живеење. Има родители кои сакаат да се приклучат на тимовите за заштита и придружување на децата на пат од дома до училиште. Некои родители можат да собираат или да обезбедат средства во натура или друг вид услуги и поддршка кои ќе го поддржат извршувањето на различни активности во спречување на насилството во училиштата, особено за децата во ризик. Важно е да се нагласи дека овие родители ќе дејствуваат во соработка со Советот на родители и другите тела во училиштето, особено со ученичките тела и согласно програмата за работа на училиштето. Неопходно е родителите и наставниците да соработуваат за да се намали насилството во училиштето, секој од свој аспект и улога. Воедно, значајна е вклученоста на сите родители, не само оние кои лично се засегнати од насилство.
  • 43. 37 ИНКЛУЗИВЕН ПРИСТАП КОН РОДИТЕЛСТВОТО Инклузивниот пристап во училиштето создава соодветна и поддржувачка средина каде секое дете има право и можност на квалитетно образование и можности за развој. Ова е важен аспект за успешно образование на сите ученици и за изградба на училишта кои ги обучуваат сите учесници. Децата со попреченост во развојот имаат четири пати поголема веројатност да бидат изложени на насилство, стигматизирање и дискриминација, почесто се напуштани од страна на родителите, а голем број од нив се невидливи во општеството, бидејќи не се опфатени со ниту една услуга и се надвор од системот. Совети за создавање безбедна и ненасилна средина во училиштата за деца со атипичен развој Едукација и сензибилизација Заедно со наставниците едуцирајте ги другите родители и ученици за атипичниот развој и како можеме да создадеме средина за поддршка. Индивидуален пристап и план за учење Работете со наставниците за да креирате индивидуализиран план за учење кој се однесува на потребите и силните страни на вашето дете.
  • 44. 38 Соработка со експерти и тимови за поддршка Вклучете се во соработка со експерти и тимови за поддршка, вклучувајќи специјалисти за образование, терапевти и други експерти. Прилагодување на активностите Разговарајте со наставниците за да се прилагодат на општите активности и плановите за часови за да го вклучите вашето дете според неговите потреби. Креирање безбедна рутина Поддржете го создавањето на стабилна и предвидлива рутина за вашето дете, што создава чувство на сигурност Формирајте група за поддршка со родителите и соработувајте за да споделите искуства, предизвици и решенија. Тимска работа со родители Сетилна поддршка Прилагодете ја вашата училишна средина и активности за да ги задоволите сензорните потреби на вашето дете.
  • 45. 39 Во продолжение следуваат цитати кои ги одразуваат искуствата и ставовите на родителите во фокус-групата и даваат значаен увид за подобрување на соработката помеѓу родителите и училиштата, како и за поддршка на децата со атипичен развој. Наставни вештини за независност Работете со наставниците за да ги научите вештините за независност кои ќе им помогнат на децата со нетипичен развој во секојдневните ситуации. Поттикнување на социјалните вештини Активно поттикнувајте ги социјалните вештини со вклучување игри и активности кои им помагаат да комуницираат со другите ученици. „Во нашата група сите родители ја изразуваат потребата за подобрување на комуникацијата помеѓу училиштето и родителите, особено таму каде што има група на деца со нетипичен развој. Сакаме поголема отвореност и разбирање за индивидуалните потреби на децата“, родител. Превенција од насилство и злоупотреба Информирајте ги претставниците на училиштето и безбедносниот персонал за атипичниот развој на вашето дете и обезбедете ја нивната поддршка во спречувањето на насилството и злоупотребата.
  • 46. 40 „Што се однесува до нас во групата, забележавме дека многу родители се чувствуваат изолирано. Има потреба од подобрување на социјалната поддршка и вклученост во заедниците, особено за децата со аутизам“, родител. МЕХАНИЗМИ И МЕРКИ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА ОД НАСИЛСТВО Спречувањето на насилството во училиштата не е само етичка задача, туку и неопходен услов за формирање безбедна и поддржувачка образовна средина. Со градење на ефективни механизми и имплементирање на соодветни мерки, родителите, наставниците и училишната заедница можат значително да придонесат за создавање средина каде децата се чувствуваат безбедно и поддржано. Превенцијата од насилство врз децата во училиштата е систем на различни мерки и дејствија преземени од училиштето, родителите, локалната заедница и други општествени чинители за да се спречи појава на насилство и повторување на насилно и ризично однесување. Но, трендот на позитивно именување на превенцијата води кон тоа дека превенцијата е процес кој има за цел не само да спречи насилство, туку да овозможи и да се поттикне социјалниот развој на децата, што ќе доведе до развој и зајакнување на просоцијално однесување и индиректно ќе го спречува насилството. Превентивната програма во училиштата е сет на планирани активности со цел да се постигнат специфични цели кај одредена популација на деца или родители за одреден временски период.
  • 47. 41 Превентивните програми треба да се комплексни, да вклучат голем број професионалци, деца и нивните родители кои треба да научат како да се справат со сегашните, но и со идните проблеми кои може да се појават во текот на детското растење. Примената на различни модели на превентивни програми даваат позитивен одговор на одредени ризици, особено оние кои се базирани на докази и се евалуирани. Превенцијата од насилство во училиштата има за цел: создавање безбедно, сигурно и заштитено опкружување за децата; развивање и негување на атмосфера на соработка, почитување на различностите, конструктивна комуникација и следење на одредени правила на однесување во рамките на воспитно-образовните активности, развивање на вештини за препознавање и ефикасно реагирање во ситуации на насилство. Потребно е да се воспостави систем за поддршка кој опфаќа широк опсег на различни механизми и мерки за превенција од насилство за различни групи деца. Рамката за поддршка на децата треба да биде целосна и сеопфатна и да ги вклучува сите димензии од животот на децата: семеен, училиштен, емоционален, здравствен и сл. Акцентот се става на градење доверба, емоционални врски и мотивација за прифаќање позитивни содржини и промени. Поддршката треба да биде инклузивна и да се избегнуваат можни стигми поврзани со означување на ризичните ученици. Се препорачуваат три нивоа на интервенција: Универзална поддршка – за сите деца во училиштето 1. Насочена поддршка – за група деца со умерен ризик од насилство и потреби 2. Индивидуална поддршка – интензивна интервенција за деца чии ризици и потреби се високи. 3.
  • 48. 42 ,,Родителите можат да влијаат на создавање на безбедна училишна средина преку актвно учество во училиштето, конференции, само обединети ќе направиме побезбедна земја и заедница”, изјава на ученичка. Секое дете има право на универзална поддршка. Тоа е спонтан дел од секојдневниот процес на учење и подучување. Но, ако универзалната, општа поддршка не е доволна, се прави процена и се изготвува план. Целните/насочени и индивидуалните интервенции за учениците изложени на ризик ќе бидат многу поефективни доколку се спроведуваат од мултидисциплинарни тимови во училиштата и по потреба со вклучување на надворешни експерти и ако се вклучени сите кои се блиски и комуницираат со децата, родителите и членовите на семејството. Писмениот план за заштита на жртвата и промена на однесувањето на сторителот кој се договара со детето и неговото семејство може да придонесе за поставување јасни и остварливи цели во решавањето на предизвиците и следењето на напредокот. ,,Децата сакаат поголема вклученост во активностите, да бидат разбрани и слушнати нивните потреби”, изјава на ученичка.
  • 49. „Образованието е нашиот клуч за градење училишна средина каде што децата се чувствуваат безбедно. Како родител се обидувам да ги научам моите деца за важноста да се почитуваат разликите и да се решаваат конфликтите без насилство. Само преку образованието можеме да го промениме обликот на училишната средина“, родител одржувајте гостински предавања или работилници со експерти за насилство и безбедност во училиштата. СОВЕТ организирајте редовна обука за наставниците за да ги препознаат потенцијалните знаци на насилство и како да реагираат. СОВЕТ Едукација и сензибилизација 43
  • 50. „Политиките за безбедност треба да бидат добро дефинирани и достапни за секого. Како родител, имам доверба во училиштата каде што знам дека постои солидна безбедносна политика која ми обезбедува чувство на сигурност за моето дете“, родител. организирајте состаноци со родителите и објаснете ги безбедносните политики и нивната важност за заедницата. СОВЕТ воспоставете јасни и јавни безбедносни политики кои ќе бидат достапни за родителите, наставниците и децата. СОВЕТ Политики за безбедност 44
  • 51. „Мислам дека образованието за различности и почитување треба да биде континуиран дел од училишното искуство. Да ги научиме нашите деца да ја ценат различноста, што значи дека градиме толерантна и безбедна заедница“, родител. промовирајте проекти и активности кои ги поддржуваат различните културни и етнички аспекти на училишната заедница. СОВЕТ вклучете образовни програми кои поттикнуваат толеранција, разбирање и почитување на разликите, преку изборните/слободни предмети и воннаставни активности. СОВЕТ Образование за различност и почит 45
  • 52. „Едукацијата за емоционалната интелигенција во училиште е како подготовка на децата за живот. Колку повеќе ги учиме како да управуваат со своите емоции, толку повеќе ги подготвуваме за предизвици, вклучително и конфликти коишто може да се појават“, родител. организирајте денови за подигање на свеста за менталното здравје и обезбедете простор за отворена дискусија. СОВЕТ креирајте програми во училницата или училиштето за социјална и емоционална поддршка, со фокус на градење позитивни меѓучовечки односи. СОВЕТ Социјална и емоционална поддршка 46
  • 53. Улогата на училиштето во превенција, препознавање и откривање на насилството врз децата е најзначајна, затоа што децата поминуваат најдолго време во училиште и може да се воочат и најмали промени кај децата. Таа можност ја нема ниту еден друг сектор. Заради тоа училиштето треба да создава клима во која децата ќе можат слободно да се доверат на наставниците, ќе се подучуваат како да кажат „не“ на лица кои се насилни кон нив на кој билоначин или од нив бараат невообичаени работи, како да се заштитат во различни ситуации и како ненасилно да се однесуваат и да ги разрешуваат конфликтите. Затоа во таква ненасилна атмосфера секој вработен во училиштето е должен да презема мерки за заштита на правата на детето и да реагира на секое кршење на тие права, особено при физичкото и емоционалното насилство, сексуалната и друг вид злоупотреба и занемарувањето. УЛОГАТА НА СТРУЧНИТЕ СЛУЖБИ ВО УЧИЛИШТАТА ВО ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА НА ДЕЦАТА ОД НАСИЛСТВО 47
  • 54. 48 Стручен тим за превенција, поддршка и заштита на децата од насилство и чекори на постапување За да може училиштето да реагира подготвено на настани поврзани со насилство врз децата, потребно е покрај основните документи за постапување, односно измена на статутот, донесување на интерен акт, назначување на контакт-лице за пријавување насилство и негов заменик, да обезбеди услови за примена на Упатството за пријавување и заштита на ученикот жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување и да ги зајакне капацитетите на вработените. Препорака е училиштето да формира тим за превенција, поддршка и заштита на децата од насилство составен од директорот, стручна служба и наставник/наставници, кој ќе биде посветен на превенција од насилство и интервенција. Директорот определува контакт-лице за пријавување насилство и негов заменик од редот на стручните соработници кои се и членови на тимот, кои имаат службени е-адреси и телефони, објавени во интерниот акт и поставени на видливи места во училиштето и на неговата веб-страница. Училиштето е должно да обезбеди секаков вид комуникација со учениците, родителите и контакт-лицето за пријавување насилство, различни канали за пријавување како што се анонимни пријави, телефонска пријава, електронско известување на е-адреса или друга апликација, службен телефон и е-адреса на назначените лица кои ќе се користат исклучиво за ваков вид пријави. За анонимните пријави потребно е да постои кутија за пријави, но истата да се користи и за пофалби, критики, правaта на децата за да се осигура анонимноста. Кој било вработен што има дојава за насилство треба да ја проследи информацијата до назначеното контакт-лице.
  • 55. 49 Градење на училишна политика за заштита од насилство и подготвување на документи за акција, согласно законските и подзаконски акти, протоколи, упатства и сл.; Изработка на правила на однесување во училиштето и последиците од непочитување на правилата, со активна партиципација на децата; Запознавање на наставниците и помошниот административно-технички персонал со улогите и одговорностите на секој член во примената на постапките при насилство; Подигнување на нивото на свеста кај учениците, родителите и сите вработени за препознавање на насилството, злоупотребата и занемарувањето преку предвидени активности; Организирање обуки за ненасилна комуникација и конструктивно решавање на конфликти за наставниот кадар и за децата, теми поврзани со булингот, кибер насилство, семејното насилство и сл.; Поттикнување на учениците кон поголема вклученост во превенција од насилството, организирање обуки за врсничка медијација, организирање и активно вклучување во ученички тела, присуство на ученици на дополнителни едукации на темата насилство организирани од градот, локалната заедница, здруженија на граѓани; Родителите во овој дел се партнери и важни соработници на училиштето, тие може да препознаат и пријават насилство врз децата, да бидат дел од превенција или постапките кои се преземаат, но не и да ја преземат или да ја водат постапката на интервенција. Таа должност ја има училиштето. Предлог активности за Стручен тим за превенција, поддршка и заштита на децата од насилство:
  • 56. 50 Покрај превентивната улога на тимот, интервенцијата е многу значајна реакција на училиштето во ситуации кога постои сомнеж или се случило насилство врз дете. Целта на интервенцијата е да се прекине насилството, да се заштити детето, да се намали ризикот од повторување на насилството, да се влијае на ризик-факторите кои придонеле да се појави насилството и да се ублажат и отстранат неговите последици. Училиштето треба да реагира на насилството во случај кога: Насилството се случило во училиште, што подразбира и во училишниот двор, на пат кон училиште и Насилство, злоупотреба или занемарување на детето е забележано од страна на училиштето, имаат сознанија или сомнеж дека детето е жртва на насилство на кое било место, а притоа насилството не е разрешено или пак детето трпи последици врз здравјето и развојот. Парадигмата кон насилството врз деца е променета. Нулта толеранција на насилство, гласно говорење против насилство врз деца, спротивставување на насилството и насилниците. Организирање разговори, трибини, претстави, изложби за безбедност и заштита на децата од насилство во рамки на училиштето, но и во соработка со другите училишта во општината, при што се прави размена на искуствата на децата и наставниците; Грижа за вмрежување на сите клучни носители за превенција на насилството и спроведување на одлуките на Советот на родители, Училишниот одбор, Ученичката заедница, Наставничкиот совет; Отворање на вратите на стручната служба за децата, градење доверба и соработка; Организирање дежурства за наставниците и помошниот технички персонал во училиштето и др.
  • 57. 51 Секој е должен да пријави насилство или сомнеж за насилство. Затоа е многу значајно вработените во училиштето да го препознаат насилството, да знаат да ги детектираат знаците на различни видови насилство врз децата. Вработените во училиштето се должни веднаш да го прекинат насилството кое се случува во училиштето и во неговата близина, но и да реагираат во случај на сомнеж дека се случува насилство врз дете во рамките на семејството или на некое друго место. Најголемиот број насилни ситуации кои се случуваат во училиштето помеѓу децата треба да ги прекинат и решат вработените во самото училиште. Потешките случаи на насилство, односно кога последиците се посериозни и кога постои ризик од повторување на насилството, како и ситуации во кои има сомнеж дека детето е изложено на насилство, злоупотреба или занемарување од страна на возрасни, бараат вклучување на институции, односно веднаш да се повика полиција и/или центар за социјална работа. Начините и облиците на соработка на сите овие системи се дефинирани со Заедничкиот протокол за постапување во случаи на злоупотреба и занемарување на деца, како и со Протоколот за постапување на меѓусекторски тимови кои работат со деца жртви на насилство. Во случаи кога сторителот на насилство врз дете е возрасно лице (вработен, член на семејство, непознато лице и сл.) неопходно е вклучување на тимот, директорот на училиштето и другите надлежни институции како полиција, центар за социјална работа, здравствена установа, јавен обвинител и нивно постапување согласно протоколите. Задолжително се известуваат и повикуваат родителите на детето/децата вклучени во настанот. На насилство се реагира веднаш, со цел да му се обезбеди најдобра заштита на детето. За поблиско запознавање на чекорите за постапување при интервенција може да се користи Упатството. Кој е вклучен во процесот на интервенција?
  • 58. 52 Меѓусекторско постапување во превенција од насилство, заштита и третман на деца со предизвици поврзани со насилство Заштитата на децата од насилство, злоупотреба и занемарување е сложен, комплексен, но истовремено и единствен процес. Тој може да биде успешен само со координирана меѓусекторска соработка на сите релевантни сектори и институции. Во овој процес клучна улога играат: центрите за социјална работа, полицијата, јавното обвинителство, здравствениот систем, образовниот систем и граѓанскиот сектор. Во превентивните активности се вклучува и општината. Проблемот со насилството врз дете е колективен, затоа и третманот потребно е да биде колективен кога не се успеало тоа да се превенира, препознае и запре. Постапките на меѓусекторските тимови во случаи на деца жртви на насилство се спроведуваат согласно законските и подзаконски акти и Протоколот за постапување на меѓусекторкиот тим за заштита на деца жртви на злоупотреба, занемарување и насилство. Соработката при постапување во случаите има за цел да ја олесни истрагата, да се одбегне секундарната виктимизација на децата преку минимизирање на дополнителната траума и обезбедување можности за прибирање докази во средина која е безбедна за нив. Воедно, важно е секторите да се здружат и да се обезбеди координација при собирање и размена на информации и развивање на планови за заштита и грижа за детето. Училиштата се важен ресурс во превенција од насилство врз деца, како и во процесот на препознавање и пријавување на случаите на насилство, злоупотреба и занемарување на деца. Располагаат со солиден наставнички кадар и стручни соработници кои се едуцирани, компетентни и сензибилизирани да работат со деца жртви на различни видови насилство.
  • 59. 53 ДОПОЛНИТЕЛНИ НАЧИНИ НА ПРЕВЕНЦИЈА И ЗАШТИТА ОД НАСИЛСТВО Други креативни и иновативни пристапи за превенција од насилство и заштита на учениците: формирање клубови за деца со широк избор на програми со забавно- едукативни содржини; превентивни програми за кибер насилство; превентивни програми за врсничко насилство; врсничка медијација; превентивни програми за насилство во адолесцентни врски; тренинг за развивање на социјални вештини на деца со нарушено поведение; семејна терапија со вклучување на цело семејство; тренинг за контрола на гнев; користење на линијата на Меѓаши Ало Бушавко - 070390632; развивање ресурси и информации за дополнителна поддршка на родителите.
  • 60. 54 Користена литература Гашич – Павишич, С. (2004), Мере и програми за превенцију насиља у школи, Зборник института за педагошка истраживања, 168-187. Заедничкиот протокол за постапување во случаи на злоупотреба и занемарување на деца https://www.mtsp.gov.mk/dokumenti.nspx Закон за социјална заштита (Сл.весник на РСМ, бр. 104/19) https://www.mtsp.gov.mk/zakoni.nspx Закон за заштита на децата (консолидиран текст 2022 год.) www.mtsp.gov.mk/zakoni.nspx Закон за основно образование (Сл. весник на РСМ бр.161/19 и 229/20) https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20os novnoto%20obrazovanie%20%20nov_1.pdf Закон за средното образование, консолидиран текст (Сл. весник на РСМ бр. 229/2020) https://mon.gov.mk/stored/document/Zakon%20za%20sr ednoto%20obrazovanie.pdf Конвенцијата за правата на децата, http://www.childrensembassy.org.mk Национална стратегија (2020-2025) и Акциски план (2020-2022) за превенција и заштита на децата од насилство https://www.mtsp.gov.mk/dokumenti.nspx Петровска, Н., (2016) „Детско престапништво: Превенција и превентивни програми Скопје, Графостил. Петровска, Н., Богатинова,Т. ,Мишевска,С. (2017) „Прирачник за позитивно родителство –Фер родител фер дете„ Скопје, UNICEF (https://www.unicef.org/northmacedonia/sites/unicef.org. northmacedonia/files/2019- 01/MK_CP_FairParentFairChildGuidebook_MK.pdf)
  • 61. 55 Петровска, Н., Богатинова,Т., Мишевска,С. (2017) Програма за позитивно родителство – Фер родител фер дете, Скопје, UNICEF https://www.unicef.org/northmacedonia/sites/unicef.org. northmacedonia/files/2019- 01/MK_CP_FairParentFairChildProgramme_MK.pdf Петровска,Н., Лажетиќ Г., Нанев Л. (2020). Алатка за безбедност и заштита на децата од насилство во дигиталниот свет“, Скопје, ОБСЕ (ISBN978-608-66233-1- 9)-(https://www.sppmd.mk/wp- content/uploads/2021/01/Alatka-za-bezbednost-i-zashtita- na-decata-MK.pdf) Протоколот за постапување на меѓусекторскиот тим за заштита на деца жртви на злоупотреба, занемарување и насилство. https://www.mtsp.gov.mk/content/word/%D1%81%D0%BE %D1%86%D0%B8%D1%98%D0%B0%D0%BB%D0%B0/protok ol_zastita_deca.doc Протокол за постапување во процесот на превенција и заштита на децата од злоупотреба и занемарување https://www.mtsp.gov.mk/dokumenti.nspx Упатство за пријавување и заштита на ученикот жртва на која било од формите на насилство, злоупотреба и занемарување https://www.mtsp.gov.mk/content/word/dokumenti/doku menti%202018/Protokol%20za%20postapuvanje%20vo%20 slucai%20na%20zloupotreba%20i%20zanemaruvanje%20n a%20deca.doc Popović-Ćitić, B & Ţunić-Pavlović, V. (2005), Prevencija prestupništva djece i omladine, Beograd: Ministarstvo prosvjete i sporta Republike Srbije
  • 63. Проектот „Промоција на безбедна училишна средина" го спроведува Коалиција на младински организации СЕГА во партнерство со Прва детска амбасада Меѓаши / First Children's Embassy Megjashi, SmartUp - Social Innovation Lab и МЦГО - Македонски центар за граѓанско образование / МСЕС, а со поддршка на Детската фондација Песталоци/ Kinderdorf Pestalozzi.